Lacalut White & Repair СПЕЦИЈАЛНА ЗАБНА ПАСТА ЗА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА И БЕЛЕЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

Lacalut White & Repair

Lacalut white & repair пастата за заби содржи специјална формула на активни состојки за природно избелување на забите и дентална грижа.

  • чисти
  • заштитува
  • реминерализира

РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА

Дури 90% од проблемите со кариесот започнуваат од невидливите микро пукнатини во забната глеѓ, кои се изложени на напади од бактерии и со текот на времето ги оштетуваат забите.

Lacalut White & Repair е единствена паста за заби која ефикасно ги репарира микропукнатините во забите, со помош на специјалната активна состојка: наномолекуларен микрокристален хидроксилапатит.

Хидроксилапатит е главна компонента од која е изградена природната забна глеѓ. Наномолекуларниот микрокристален хидроксилапатит застапен во Lacalut White & Repair игра улога на т.н. “течна глеѓ” со тоа што директно се вградува и ги пополнува настанатите дефекти. На тој начин

  • Ја подобрува реминерализацијата на глеѓта и дентинот
  • Ја намалува појавата на кариес
  • Ги измазнува површините на забите и го намалува таложењето на забен плак
  • Поволен за одржување на бојата по професионално белење на забите

ИЗБЕЛУВАЊЕ

Фосфатните компоненти кои ги содржи Lacalut White & Repair ги избелуваат забите:

  • превенираат создавање на нови дамки и ги отстрануваат веќе присутните
  • не дозволуваат создавање на забен камен
  • има нежна формула за избелување со навистина ниска абразивност без притоа да настане оштетување на глеѓта

Го елиминира пребојувањето на забите од кафе, чај и црвено вино

Специјалната паста Lacalut White & Repair е наменета за секојдневна употреба без ограничувања за возрасни и деца над 12 години

Начин на употреба: да се мијат забите наутро и навечер со количина колку зрно грашок. За возрасни и за деца над 12 години.

Пакување: 75 ml