Lacalut White, паста за избелување на забите

Lacalut white, паста за избелување на забите

Кафе, чај, цигари, вино… секојдневно ги пребојуваат Вашите заби, кои губат од својот сјај и белина. Белите заби се одраз на здрав и успешен човек, затоа постои Lacalut white.

Третман и превенција со Lacalut white

Најбезбеден, најевтин и најефикасен начин за природно бели заби е изборот на високо квалитетна паста за заби.

Lacalut white ја враќа природната боја на забите и ги елиминира обојувањата предизвикани од никотин, чај, кафе и останатите прехранбени продукти. Содржи нежни микрогранули, кои активно ги чистат забните наслаги и пребојувања, и нежно ја полираат забната глеѓ правејќи ја мазна и сјајна. Овие гранули се прилагодени по форма и големина, да бидат максимално ефективни во чистењето, без ни малку да ја оштетат и абрадираат забната глеѓ. Додатокот на флуориди прави реминерализација, формирајќи заштитен слој на површината на забите, правејќи ги отпорни на кариес и надворешни дразби. Алуминиум лактатот е одговорен за добра кондиција на гингивата и заштита од воспаленија. Содржина на флуор 1357 ppm.

Пакување: 75 ml