Lacalut White Aлпско нане, паста за избелување на забите

Кафе, чај, цигари, вино… секојдневно ги пребојуваат Вашите заби, кои губат од својот сјај и белина. Белите заби се одраз на здрав и успешен човек. Пробајте ја новата паста за избелување на забите Lacalut White Aлпско нане.

Третман и превенција со Lacalut White Aлпско нане

Превентивна паста за ефикасно белење и реминерализација на забната глеѓ.

Содржи внимателно одбрани компоненти со безбедно абразивно дејство. Активно ги чисти забните наслаги и пребојувања и нежно ја полира забната глеѓ правејќи ја мазна и сјајна. Благодарение на мацератот од алпско нане пастата дезодоризира и има пријатен освежителен ефект. Додатокот на флуориди ги реминерализира забите, формирајќи заштитен слој на нивната површина, правејќи ги отпорни на кариес и надворешни дразби. Алуминиум лактатот е одговорен за добра кондиција на гингивата и заштита од воспаленија. Содржина на флуор 1350 ppm.

Начина на употреба:

За постигнување на избелувачки ефект забите треба да се мијат најмалку два пати на ден по не помалку од 3 минути.

Идеална е во комбинација со Lacalut White растворот за нега на усната шуплина.

Пакување: 75 ml