Lacalut детска линија

Lacalut детска линија

Формирањето на детските заби започнува уште пред раѓањето. Првото запче никнува околу шестиот месец, а сите дваесет млечни заби се изникнати до третата година. Периодот и редоследот на никнување можат да варираат. Трајните заби почнуваат да никнуваат околу шестата година.

Како да се осигураат здрави заби и добри навики за орална хигиена кај децата?

  • Редовно чистење на гингивата и првите заби кај бебињата треба да го прави мајката, од самиот почеток до третата година
  • Пиењето млеко и сокови со цуцла што порано да се замени со пиење од чаша (заради пократко задржување на течност во устата)
  • Да се ограничи внесот на шеќери, односно да се воведе здрав избор на меѓуоброци
  • Создавање навика за редовно четкање на забите
  • Забите да се мијат барем два пати дневно (наутро и пред спиење), а најдобро по секој оброк , по две минути
  • Да се вклучи целото семејство во создавањето секојдневни здрави навики
  • Низ игра да се намали стравот од стоматолог
  • Мамо и тато, помогнете ми да ги измијам забите!
     
Lacalut kids 4-8 паста
Lacalut teens 8+ паста
Lacalut baby 0-4 паста
   
Lacalut четка baby
Lacalut четка 4+