Lacalut интердентални четкички за чистење на просторот помеѓу забите

Lacalut интрадентални четкички

Интерденталните четкички се важно средство во животот на сите оние чија усна празнина бара дополнителна хигиена, било да се работи за природни заби или лица со вештачки конструкции. Интерденталните четкички се наменети за чистење и одржување на просторот помеѓу природните заби, каде пристапот со обична четка е отежнат или невозможен. Исто така тие се незаменлив алат при чистењето на просторот под и околу вештачките мостови и коронки, како и фиксните ортодонтски апарати.

Lacalut интердентални четкички се произведени од најквалитетни материјали, хируршка жица која е лесно свитлива, а отпорна на кршење. Ергономска рачка овозможува лесно ракување, дури и за почетници. Достапни се во 4 различни големини

големина XS, дијаметар 2,0 mm

големина S, дијаметар 2,4 mm

големина M, дијаметар 3,0 mm

големина L, дијаметар 4,0 mm

Начин на употреба – Со интерденталната четка нежно и без притисок се влегува во тесниот простор помеѓу забите, притоа внимавајќи да не се повреди гингивата. Интерденталната четкичка би требала да влезе во просторот помеѓу забите без применување на сила. Движењето се повторува неколкупати напред-назад,а потоа се преоѓа на следниот меѓузабен простор, и така сите по ред во горната и долната вилица. За чистење на задните меѓузабни простори, слободно свиткајте ја четкичката под агол од 90 степени, без страв дека ќе се скрши. После неколкукратна употреба,откако четкичката ќе претрпи деформации, заменете ја со нова.

Бидејќи просторот помеѓу секачите се разликува во однос на просторот помеѓу катниците, веројатно ќе Ви бидат потребни две големини. Идеална возраст да започнете со чистење на просторот помеѓу забите е 12 години. Вашиот стоматолог е оној кој треба да ја одреди Вашата соодветна димензија.