Lacalut Flora

Lacalut Flora

Проблемот со непријатниот здив во устата (халитоза) се јавува кај речиси 50% од луѓето. Чувството на нелагодност носи последици во секојдневното социјално живеење, негативно делува на самодовербата и општествените односи. Непријатниот здив го причинуваат анаеробните бактерии нормално присутни во усната празнина, со чие дејство се добиваат испарливи сулфурни соединенија со непријатен мирис. Одредени состојби и болести на организмот го нарушуваат балансот на нормалната бактериска флора. Зголемениот број на патогени бактерии (streptococcus mutans, lactobacillus spp, fusobacterium spp, fungi, како actinomicetes spp) води кон хронична состојба на непријатен здив (халитоза).

Разочарани сте од краткотрајното дејство на гумите за џвакање, освежувачките спреови за уста и хигиенските раствори?

Lacalut flora паста за заби, целосно ребрендирана и подобрена , нуди одговор на долгогодишните напори на компаниите за изнаоѓање на ефикасно средство во сузбивање на непријатниот здив на дневна база, обезбедувајќи оптимална нега на усната празнина и одржување на воспоставениот баланс на подолг рок.

Во кој случај Lacalut flora е вистинскиот избор за Вас – непријатен здив и покрај редовната хигиена, желудочни тегоби, дијабетес, или едноставно сакате свежина во тек на целиот ден.
Lacalut flora професионална забна паста наменета за превенција и третман на непријатен здив. Нејзината ефикасност се должи на единствената формула со светски докажани активни компоненти за сузбивање на непријатниот здив.

  • Цинк глуконат – за неутрализација на сулфурните соединенија кои го предизвикуваат непријатниот мирис
  • Ментол – етерично масло од луто нане за свежина и разладувачки ефект
  • Олафлур (аминфлуорид) и
  • Натриум флуорид флуорид – заштита од кариес