Lacalut Dent таблети за чистење на протези

Lacalut Dent таблети за чистење на протези

Медицинско средство
Хигиената на протезите секојдневно се одржува со паста и четка за заби, на начин како кај природните заби. Но на површината на протезата постојат микропразнини за кои е потребна дополнителна хигиена. Lacalut Dent таблетите за на чистење протези, дејствуваат на база на активен кислород , кој ги отстранува нечистотиите и од најситните простори на протезата.

Подрачје на примена
За надворешна употреба.
За интензивно чистење на забни протези. Сината боја на водата ќе избледува се додека трае чистењето.

Состав
Калиум кароат, натриум карбонат, лимонска киселина, гликоза, VP/VA кополимер, натриум лаурил сулфат, натриум лаурил сулфоацетат, арома, Cl 73015.

Мерки за претпазливост и посебни упатства
Не се потребни посебни мерки на претпазливост, доколку Лакалут дент таблетите за чистење на протези се користат соодветно.
Концентрирано средство за чистење на забни протези!
Да се користи само надвор од устата.

Начин и времетраење на употребата
Една таблета за чистење треба да се стави заедно со забната протеза во чаша и да се наполни со млака вода до ниво над забната протеза.

Таблетата брзо се раствора, прави силни меури од ослободениот активен кислород и брзо ги отстранува остатоците и наслагите од забната протеза. По околу 15 – 20 минути, забната протеза е темелно исчистена, хигиенски уредна со свежина на ментол.

Фармацевтска форма и содржина
32 таблети (блистер 4 x 8)/кутија

 

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”
За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

PDF – Упатство за пациентот