Lacalut Dent адхезивен крем екстра

Lacalut Dent адхезивен крем екстра

Медицинско средство
Специјална формула на лепило која обезбедува цврстина на забната протеза во устата, а воедно дава чувство на сигурност и самодоверба.

Подрачје на примена
Адхезивен крем за нанесување на забни протези. Ги прилепува/зацврстува забните протези на гингивата.

Состав
Смеса натриум/калциум соли од полиметилвинилетер/малеик анхидрид, течен парафин, целулозна гума, петролатум, силика, арома, пропилпарабен, метилпарабен, Cl 14720.

Мерки за претпазливост и посебни упатства
Да се употребува исклучиво при здрава (неоштетена) гингива.

Начин и времетраење на употребата
Исчистете ја забната протеза и нанесете од Лакалут дент адхезивниот крем екстра на протезите, во правилни интервали (може да се нанесе и на сува забна протеза). Адхезивниот крем екстра треба да се нанесе на највдлабнатите делови на горната/долната забна протеза. Дозата која ја нанесувате зависи од Вашите индивидуални потреби. Потоа, ставете ги забните протези во устата и притиснeте ги цврсто на вилицата неколку секунди. Почекајте од прилика 5 минути пред да почнете да јадете било каква храна. По употребата затворете ја тубата внимателно.Пред следната употреба, потребно е да се исчисти заостаната количина од адхезивниот крем.

Фармацевтска форма и содржина
Адхезивен крем, ПЕ туба x 40g/кутија

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

PDF – Упатство за пациентот