Lacalut DENT - линија за вештачки забни протези

Lacalut Dent

Забните протези се вештачки изработки чија задача е да го дополнат просторот со изгубените заби, а воедно да ја вратат функционалноста на џвакањето, говорот и естетиката. Во почетокот, протезата претставува туѓо тело во устата и дава чувство на нелагодност, анксиозност и загриженост кај пациентот. Но со тек на време корисникот на протезата се навикнува на нејзиното присуство, до степен на неопходност.

Протезите се изработуваат од вештачки материјал со мазни и сјајни површини, но содржи ситни нерамнини и микоропростори каде се собира храна и бактерии, па доколку не се одржува редовна хигиена ќе претставува извор на непријатен мирис. Затоа е потребно да се одржува правилна нега и хигиена на забните протези. 

 

Lacalut Dent адхезивен крем екстра
Lacalut Dent таблети за чистење