LACALUT – Комплетна нега на забите и усната празнина

Како помага LACALUT

LACALUT е име кое е изведено од делотворната состојка во целата линија – алуминиум лактат. Првиот производ кој се појавил на пазарот во 1928 година бил забен прашок под истото име, произведен од компанијата Boehringer Ingelheim, и ден денес реномиран фармацевтски производител. Намената на овој прашок била да ги спречи последиците на лошото здравје на гингивата: крварењето, отоците, црвенилото и болката, по што е популарен и ден денес, а тоа е и главното обележје на целата линија.

Имено, адстрингентното дејство (дејството на стегање) е главната особина на алуминиум лактатот, а токму тој е заслужен за спречување на крварењето.

Линија производи LACALUT Аktiv за здрави заби и здрави, цврсти непца

LACALUT Аktiv медицинска паста за заби
LACALUT Аktiv со својата единствена  формула на активни состојки,  забележително ја зацврстува гингивата и докажано го спречува развојот на пародонтопатија, а воедно штити од кариес. Ефикасноста на оваа паста е клинички докажана.

Хигиена на забите со LACALUT Aktiv пастата за заби

LACALUT Аktiv antiplaque медицински раствор за плакнење

Медицински раствор за секојдневна нега и хигиена на усната празнина и забите со специјална комбинација на активни компоненти, ефикасни во борбата против пародонтопатија и кариес. Алуминиум лактат со своето адстрингентно дејство го спечува крварењето и  воспалението на гингивата. Хлорхексин диглуконат, драгоцен антисептик кој влијае на разложување на постојниот забен плак како и во превенција при создавање на нов, а освен тоа има депо-ефект кој му овозможува подолготрајно дејство. Посебно е ефикасен кај Streptococcus mutans, бактеријата која е главен причинител за кариес и пародонтопатија.

LACALUT Аktiv antiplaque растворот се користи за секојдневна нега на забите и усната празнина, ги чисти и

ги негува забите пред миењето и по јадењето. Употребен пред четкањето, го разложува забниот плак, а по четкањето превенира воспаление на гингивата и забен камен. Идеално и ефикасно за лица со протетски и ортодонтски помагала. Својот целосен ефект го постигнува во комбинација со  LACALUT Аktiv пастата.

Начин на употреба – Секојдневно пред или после четкањето, усната празнина и забите се плакнат со 10ml неразреден раствор. По 30 секунди, содржината се плука, и не се плакне со вода.
Само во аптеки и во дрогерии! За ризиците и нуспојавите прочитајте го упатството или обратете се кај Вашиот лекар.