ИБУТОП 50 mg/g KREM

Ibutop 50 mg/g KREM

Многу добро познат и прифатен локален аналгетик со изразено противвоспалително дејство во цела Европа, со многубројни рандомизирани клинички (ортопедија и ревматологија) студии на повеќе од 40.000 пациенти. Докажаната ефикасност и подносливост дополнително ја осигуруваат безбедната употреба на овие производи. Во 30 години следење на производот во ЕУ, регистрирани се само 2% лесни несакани дејства од типот на кожен осип кој спонтано се повлекува веднаш по престанок на употребата.
Иновативната нанокомпозитна формула со многу брза и длабински продорна моќ го прави ИБУТОП уникатен производ на нашиот пазар. Стабилната микроемулзија лесно ја пробива кожната бариера и овозможува длабока продорност дури до синовијата (капсула и течност) на зглобовите, каде што впрочем и се најчестите предизвикувачи на болката – простагландините.
ИБУТОП гелот и кремот содржат и природни масла од лаванда и нероли (горчлив портокал) кои благотворно придонесуваат за пријатен мирис по нанесувањето на кожата.
ИБУТОП КРЕМ е особено нежен за кожата и е наменет за пациенти со хронични болки во зглобовите кои имаат потреба од долготрајна симптоматска терапија. Рандомизирана двојно вкрстена плацебо контролирана клиничка студија на 100 испитаници на просечна возраст од 63 години со болки во колената, покажала дека чувството на болка се подобрува веќе по половина час од апликацијата, за да веќе на вториот час болката ја нема дури и на притисок, проследена со значително подобрена подвижност во колената. Веќе на 8-дневната контрола болката е во комплетна ремисија и колената се со комплетна подвижност во рамки на возрасната група и целосната здравствена и телесна состојба.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ИБУТОП КРЕМ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?
Ибутоп крем е лек за дермална употреба, за нанесување на кожа и постигнување локален ефект. Лесно се нанесува, брзо се впива во кожата и има пријатен мирис.

1 g Ибутоп крем содржи 50 mg ибупрофен (5%) во масло/вода емулзија.
Помошни супстанции: метил-4-хидрокси бензоат-натриум; триглицериди, среден ланец; глицерол моностеара; макроголстеарат 1500; макроголстеарат 5000; пропилен гликол; ксантан гум; масло од лаванда; нероли масло (масло од цветот на горчлив портокал); вода, прочистена.
Ексципиенти со познато дејство
Ибутоп крем содржи метил-4-хидрокси бензоат-натриум и пропилен гликол.
Картонска кутија содржи алуминиумска туба, заштитна со дијафрагма на отворот , упатство за пациенти. Тубата содржи мазен, бело до крем обоен, мек крем.
Достапни се пакувања од 20 g, 50 g, 100 g и 150 g.
Активната супстанција ибупрофен е не-стероиден антиинфламаторен лек. Го намалува воспалението и делува аналгетски – ослободува од болка предизвикана од воспаление, отоци и температура. Брзо се апсорбира во болното ткиво, го намалува воспалението и отокот и ја подобрува мобилноста многу брзо.
Ибутоп крем се употребува за локален третман на ревматска болка на коскеното и мускулното (мекото) ткиво, како и при третман на не-ревматска болка:
мускулен ревматизам (ревматски третман на меките ткива),
болни дегеративни состојби (артроза),
ревматски воспалителни состојби на зглобовите и ‘рбетот (ревматски третман на коскеното ткиво),
отоци или вопспаленија на мекото ткиво околу зглобовите (бурса, воспаление на тетиви, на обвивката на тетивите, лигаментите и на зглобните капсули),
вкочанетост на рамената, мијалгија, лумбаго,
спортски и други случајни поврди на екстремитетите како што се акутни нагмечувања (хематоми), исчашување, истегнување и оптоварување.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ИБУТОП КРЕМ?
При употреба придржувајте се до упатството, бидејќи во спротивно лекот нема правилно да делува. Ако не сте сигурни консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Дозирање
Ибутоп крем се нанесува 3-4 пати на ден. Во зависност од големината на болната регија, потребно е да се нанесе 4-10 cm долга лента од кремот, што одговара на 2-5 g крем (100-250 mg ибупрофен). Максималната дневна доза е 20 g крем, што одговара на 1000 mg ибупрофен.

Начин на употреба
Само за надворешна употреба! Да не се голта!

Ибутоп кремот се нанесува на кожата со лесно втривање. Во случај на интензивни хематоми и исчашувања, на почетокот на третманот може да биде од корист употребата на оклузивен дресинг (соодветна преврска).
Продирањето на активната супстанција низ кожата може да биде интензивирана со помош на јонофореза (специјална форма на електро-терапија). Ибутоп кремот треба да се аплицира под катодата (негативна електрода). Времетраењето на третманот треба да биде до отприлика 10 минути со интензитет од 0.1-0.5 mA на 5 cm² површина на електродата.

Ibutop_02

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.”
За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.\

Упатство за употреба