ИБУТОП 50 mg/g ГЕЛ

Ibutop 50 mg/g ГЕЛ

Многу добро познат и прифатен локален аналгетик со изразено противвоспалително дејство во цела Европа, со многубројни рандомизирани клинички (ортопедија и ревматологија) студии на повеќе од 40.000 пациенти. Докажаната ефикасност и подносливост дополнително ја осигуруваат безбедната употреба на овие производи. Во 30 години следење на производот во ЕУ, регистрирани се само 2% лесни несакани дејства од типот на кожен осип кој спонтано се повлекува веднаш по престанок на употребата.
Иновативната нанокомпозитна формула со многу брза и длабински продорна моќ го прави ИБУТОП уникатен производ на нашиот пазар. Стабилната микроемулзија лесно ја пробива кожната бариера и овозможува длабока продорност дури до синовијата (капсула и течност) на зглобовите, каде што впрочем и се најчестите предизвикувачи на болката – простагландините.
ИБУТОП гелот и кремот содржат и природни масла од лаванда и нероли (горчлив портокал) кои благотворно придонесуваат за пријатен мирис по нанесувањето на кожата.
ИБУТОП ГЕЛ не содржи алкохол како повеќето гелови, што го прави одлично поднослив за кожата, не ја масти ниту пак ја суши. Наменет е за акутни тапи, спортски повреди. Погоден е и за ултразвук во физикалната терапија за дополнително забрзување на ослободувањето од болка и вкочанетост.
Иновативната нанокомпозитна микроемулзија делува како директен носач на активната состојка, лесно ја совладува кожната бариера и овозможува двојно побрзо дејство. Релевантната терапевтска концентрација на активната состојка во ткивото под регијата на апликација ја постигнува веќе за 15 минути.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ИБУТОП ГЕЛ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?
Ибутоп гел е лек за дермална употреба, за нанесување на кожа и постигнување локален ефект. Лесно се нанесува, брзо се впива во кожата и има пријатен мирис.
1 g Ибутоп гел содржи 50 mg ибупрофен (5 %).
Помошни супстанции: 2-пропанол, полоксамер; триглицериди, среден ланец; масло од лаванда; нероли масло (масло од цветот на горчлив портокал); вода, прочистена.
Картонската кутија содржи алуминиумска туба, заштитна со дијафрагма на отворот, упатство за пациенти. Тубата содржи транспарентен гел со пријатен мирис.
Достапни се пакувања од 20 g, 50 g, 100 g.
Активната супстанција ибупрофен е не-стероиден антиинфламаторен лек. Го намалува воспалението и делува аналгетски – ослободува од болка предизвикана од воспаление, отоци и температура. Брзо се апсорбира во болното ткиво, го намалува воспалението и отокот и ја подобрува мобилноста многу брзо.
Ибутоп гел се употребува за локален третман на ревматска болка на коскеното и мускулното (мекото) ткиво, како и при третман на не-ревматска болка:
спортски и други случајни поврди на екстремитетите како што се акутни нагмечувања (модринки), исчашувања, истегнување и оптоварување,
мускулен ревматизам (ревматски третман на меките ткива),
болни дегеративни состојби (артроза),
ревматски воспалителни состојби на зглобовите и ‘рбетот (ревматски третман на коскеното ткиво),
отоци или вопспаленија на мекото ткиво околу зглобовите (бурса, воспаление на тетиви, на обвивката на тетивите, лигаментите и на зглобните капсули),
вкочанетост на рамената, мијалгија, лумбаго.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ИБУТОП ГЕЛ?
При употреба придржувајте се до упатството, бидејќи во спротивно лекот нема правилно да делува. Ако не сте сигурни консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Дозирање
Ибутоп гел се нанесува 3-4 пати на ден. Во зависност од големината на болната регија, потребно е да се нанесе 4-10 cm долга лента од гелот, што одговара на 2-5 g гел (100-250 mg ибупрофен). Максималната дневна доза е 20 g гел, што одговара на 1000 mg ибупрофен.

Начин на употреба
Само за надворешна употреба! Да не се голта!

Ибутоп гел се нанесува на кожата со лесно втривање.
Пенетрацијата на активната супстанција низ кожата може да биде интензивирана со помош на јонофореза (специјална форма на електро-терапија). Ибутоп гелот треба да се аплицира под катодата (негативна електрода). Времетраењето на третманот треба да биде до отприлика 10 минути со интензитет од 0.1-0.5 mA на 5 cm² површина на електродата.

Ibutop_01

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

Упатство за употреба