Д-р Тајс Венен гел

Д-р Тајс Венен гел

За чекор без болка и тежина

Топлото време, долгото стоење, тесните обувки, се честа причина за појава на отоци. Одењето Ви е отежнато, чувствувате болки, а мрежата од испукани капилари го нарушува убавиот изглед на Вашите нозе.

Д-р Тајс Венен гел ги зајакнува вените и го намалува отокот во нозете. Тежината и болката исчезнуваат, а чекорот станува лесен!

Навремено спречете ја појавата на проширени вени!

–       Избегнувајте солариум, сауни и топли бањи. Топлината предизвикува ширење на крвните садови, со што се намалува протокот на движењето на крвта. Туширањето на нозете со студена вода помага да се регулира правилната циркулација.
–       Колку можете почесто поставувајте ги нозете во подигната позиција, за да го олесните враќањето на крвта во правец на срцето.
–       Доколку морате долго да стоите или седите, повремено правете вежби за вени, на пример кружни движења со стапалата, неколку чекори, или пак повеќепати подигнете се на врвовите на прстите.
–       Пијте доволно течности, пред сѐ минерална вода, природни сокови и чај.
–       Прекумерната тежина ги оптоварува Вашите нозе, затоа практикувајте умерена исхрана.

Д-р Тајс Венен Гел во 100 g содржи 3,0 g екстракт од семки на див костен (Aesculus hippocastani semen ext. Fluidum) и 0,4 g екстракт од цевет на невен (Calendulae flos extr.).

Активната компонента екстракт од семки на див костен (есцин) помага во зацврстување на ѕидот на крвните садови, додека екстрактот од цветот на невен помага во намалување на воспалението.

Употреба: погоден е за нега и подршка на нозете при тешкотии во циркулацијата. За освежување на уморни, отечени, болни и тешки нозе.
Начин на употреба: да се нанесе на нозете неколку пати на ден и со лесно масирање да се втрие во кожата.
Внимание: само за надворешна употреба.

Начин на чување: да се чува на температура до 25˚C. Да се чува на места недостапни за деца!
Пакување: PP туба x 100 ml/кутија