Smokers relief

Smokers relief

SMOKERS RELIEF 250 ml раствор за перорална употреба – додаток на исхрана

Исландскиот лишај и маточината придонесуваат за олеснување при дразнење на грлото и ждрелото. Благотворно делува кај пушачи.

Активни состојки:
– екстракт од исландски лишај (Cetraria islandica) 4:1 (2%)
– екстракт од цветот на камилица (Chamomilla recutita) 1:1,4 (0,3%)
– екстракт од листот и билката на маточина (Melissa officinalis) 4,3 -5,2 :1 (0,3%)
– останати состојки: сируп од шеќерна репка, вода, мед, хијалуронска киселина, арома, конзерванс: калиум сорбат, малтодекстрин, силициум диоксид

Главни фитохемиски компоненти на исландскиот лишај се глуканите (лихенин и изолихенин) во склоп на полисахаридна смеса, во количество до 50%. Од другите компоненти содржи фумаропротоцетрарна, протохолестеринска и уснинска киселина. Фумаропротоцетрарна киселина го дава горчливиот вкус, а уснинската има фитонцидно(антимикробно) дејство.
Исландскиот лишај се користи како слузно средство амара муцилагиносум. Делува антимикробно и антитусично. Има изразено респираторно против-воспалително дејство преку стимулација на формирање на заштитен мукозен слој. Директно влијае на заштита на респираторната слузница од надворешни дразби, супресија на почетна неспецифична сува кашлица.

Екстрактот од цветот на камилица содржи етерично масло од 0,3-1,5% кумарини (умбелиферон, херниарин), слузи, флавоноиди, горчливи состојки. Од флавоноидните компоненти значајни се апигенин, лутеолин и кверцетин и нивни хетерозиди. За дрогата е карактеристичен патулитрин. Присутни се и други метилирани флавоноиди. Од горчливите состојки значајни се сесквитерпенски лактони: матрицин, матрикарин и дезацетилматрицин.
Делува антифлогистично, антиинфламаторно, антиулцерогено, бактерицидно, фунгицидно и спазмолитично. Сите овие делувања се клинички тестирани и потврдени.
Маточината содржи етерично масло (0,02%-0,3%) каде доминираат монотерпенски алдехиди. Значајно е присуството на розмаринска, хлорогенска и кафеична киселина, флавоноиди, тритерпени и др. Делува благо седативно, спазмолитично, карминативно, антимикробно и благо антивирално дејство.
Препорачана употреба: Возрасни да земат 1-2 пати на ден по 10 ml. Растворот има пријатен и освежителен вкус, може да се зема неразреден.

SMOKERS RELIEF 24 пастили со нане – додаток на исхрана

Се препорачува за намалување на дразнење на горните дишни патишта и за нормално функционирање на имуниот систем.

Активни состојки:
– сув екстракт од лист од жалфија (Salvia officinalis) (2-3:1)
– сув екстракт од лист од нане (Mentha piperita) (1-1,2:1)
– витамин Ц (L- аскорбинска киселина)
– масло од жалфија (Salvia lavandulaefolia)
– масло од нане (Peppermint oil)
– останати состојки: шеќер, глукозен сируп, лимонска киселина, ментол, вода, микрокристална целулоза, масни киселини, магнезиум стеарат, силициум диоксид

Листот од жалфија содржи етерично масло од 1-2,5% , псевдотанини од 3-7%, розмаринска киселина, горчливи дитерпенски компоненти (пикросалвин, розманол), тритерпени (олеанолна киселина и нејзини деривати), флавоноиди (апигенин, лутеолин) и др.
Жалфијата делува антифлогистично, адстрингентно и антисептично. Екстракти од жалфија и некои изолирани компоненти (дитерпени) покажуваат антиоксидативно дејство. Розмаринска киселина поседува антивирално дејство.

Листот од нане содржи етерично масло од 1-3% составено од монотерпени, а во најголем дел од ментол и негови естри во вкупно количество од 30-50%. Од други компоненти значајни се: флавоноиди, хетерозиди на фенолни киселини, танини, горчливи состојки, каротеноиди и др.
Делува спазмолитично, карминативно и холагогно.
Во 6 пастили (дневна доза) присутни се 90 mg сув екстракт од лист од нане (1-1,2:1)
Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имуниот систем.

Начин на употреба: Возрасни треба да растопат една пастила во уста на секои 2-3 часа. Не се препорачува повеќе од 6 пастили на ден. Не се препорачува континуирана употреба повеќе од две недели. Не се препорачува кај трудници и доилки.