Ноќниче - Специјална нега и дополнување на терапијата кај неуродермитис и исклучително сува кожа

НОЌНИЧЕ

NOKNICE BALZAM Ноќниче балзам

Ноќничето, Oenothera biennis L. ( Oenotheraceae, Onagraceae), го добило името по своите големи светложолти цветови кои се отвораат дури навечер и остануваат отворени во текот на ноќта. Маслото кое го содржат големите семки во цветовите е богато со вредни есенцијални масни киселини (98%), фосфолипиди и стероли. Маслото од ноќничето е едно од најскапите масла на светот, бидејќи од десет илјади семки се добива само еден грам масло.

Ноќничето потекнува од Перу, Јужна Америка, од каде се проширило во Северна Америка, а во Европа е пренесено во 17. век. Индијанците од Северна Америка го користеле како природен лек за зацелување на рани и ублажување на иритациите на кожата, додека научните истражувања на маслото на ноќничето и есенцијалните масни киселини кои ги содржи започнале дури во почетокот на 20. век.

NOKNICE KREMA Ноќниче крема

Есенцијалните масни киселини се составен дел од секоја клетка  во телото и се особено важни за размена на материите. Организмот не може самиот да ги синтетизира, туку мораат да се внесуваат однадвор. Маслото на овој прекрасен цвет содржи две животно важни, повеќекратно незаситени масни киселини во особено висока концентрација: цис-линолната (70%) и гама-линоленската (8-10%).

Од многу одамна се знае дека недостатокот на есенцијални масни киселини доведува до воспаленија на кожата, таа се лупи и станува груба, па може на тој начин да се развие и дерматитис. Кожата побрзо ја губи влажноста, станува сува и побрзо старее, доаѓа до воспаленија, чешање и црвенило. Научниците потврдуваат дека нарушувањата во метаболизмот на есенцијалните масни киселини доведува до развој на егземи, акни, псоријаза и други кожни заболувања. Резултатите од испитувањата при терапијата на кожните заболувања со масло од ноќниче, покажуваат видливо подобрување на симптомите како што се сушењето и лупењето на кожата, чешањето, воспаленијата и црвенилото.

NOKNICE MASLO Ноќниче масло

Неуродермитис

Неуродермитисот или атопичниот дерматитис е хронично незаразно воспаление на кожата кое се јавува од непознати причини. Промените на кожата најчесто се последица на алергиски реакции на одредена храна или други алергени. Неуродермитисот најчесто се јавува кај доенчињата, некаде околу третиот месец од животот, додека повеќе од половина од децата заболуваат пред да наполнат една година. Се смета дека дури 20% од децата во светот се погодени од ова заболување.

NOKNICE SAMPON Ноќниче шампон

Неуродермитисот се карактеризира со нагло избивање на црвенило, сушење и лупење на кожата пропратени со силно чешање. Кожата ја губи маснотијата и влажноста, па со тоа е поосетлива на надворешните влијанија. Кај доенчињата симптомите вообичаено се јавуваат симетрично на лицето и на вратот. Иако во најмногу случаи се повлекува до пубертетот, неуродермитисот може да се задржи и во зрелото доба. Тогаш најчесто е локализиран на превоите на големите зглобови. Иако не постои специфичен лек за  оваа болест, најчесто се третира со кортикостероиди, кои за жал имаат пропратни нуспојави. Кај неуродермитисот од најголема улога игра правилната нега на кожата.