Д-р Тајс Мукоплант Сируп од тегавец и ехинацеа

Д-р Тајс Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц, раствор

Лекувајте ја кашлицата и подобрете го имунитетот!

Во зимските месеци честопати ни се случува инфекцијата на дишните патишта да ни се повтори. Повторно истите симптоми, болно грло, надразнителна кашлица, прекумерен мукозен секрет кој тешко се искашлува…

Во случај на вакви рекурентни инфекции на дишните патишта побарајте го Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц на Д-р Тајс. Покрај добро познатото дејство на екстрактот од тегавец содржан во Мукоплант сирупите од тегавец на Д-р Тајс, Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц овозможува истовремено ублажување на кашлицата и подобрување на имунитетот.

Сирупот има пријатен вкус и особено се препорачува за децата. Без додаден шеќер и алкохол! Погоден е за употреба и кај дијабетичари.

Што претставува и за што се употребува граничниот производ Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц?

Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц е раствор за перорална употреба. Придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и за нормална функција на имуниот систем.
Екстрактот од теснолистен тегавец (Plantago lanceolata) придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта.
Витаминот Ц (аскорбинската киселина) придонесува за нормална функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.
Екстрактот од виолетова ехинацеа (Echinacea purpurea) придонесува за нормална функција на имуниот систем.

Што содржи Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц
Состав: стабилизатори: сорбитол, малтитол сируп; вода; 4,4 % екстракт од лист од теснолистен тегавец 1:1 (Plantago lanceolate); 0,5 % витамин Ц (аскорбинска киселина); конзерванс: калиум сорбат; 0,02 % екстракт од виолетова ехинацеа 34-44:1 (Echinacea purpurea), етерично масло од црно нане (Mentha piperita); малтодекстрин. Без додаден шеќер и алкохол.

Како се употребува граничниот производ Мукоплант тегавец со ехинацеа и витамин Ц
Начин на употреба
За перорална употреба (се пие).
Дозирање
Деца од 3-6 години: ½ чајна лажичка (2,5 ml) три пати на ден.
Училишни деца: 1 чајна лажичка (5 ml) три пати на ден.
Возрасни: 1 супена лажица (15 ml) три пати на ден.
Не се препорачува континуирана употреба подолго од 2 недели.
Ве молиме да се придржувате до препорачаните дневни дози.
Без додаден алкохол и шеќер. Погоден е за употреба и кај дијабетичари.

Изглед и големина на пакување
Темно стаклено шише x 100 ml/кутија

“Пред употреба на граничниот производ, внимателно да се прочита упатството!”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.
PDF –Информации за корисникот