Мукоплант бршлен, сируп

Мукоплант бршлен, сируп

Екстрактот одговорен за делување се добива од листовите на бршлен. Содржат 2,5- 6% тритерпенски сапонини кои се секундарни растителни супстанции. Тие се: херакозид Ц и Б, како и алфа хедерин кои играат важна улога во поглед на делувањето. Во листот на бршлен застапени се: флавоноиди, деривати на кафеична киселина и етерични масла.
Состојките содржани во екстрактот од бршлен имаат експекторирантно дејство засновано на секретолиза и муколиза. Со надразнување на парасимпатичните аферентни нервни влакна во желудникот доаѓа до рефлексна стимулација на пехарестите клетки во бронхиите. Како реултат на ова доаѓа до зголемено создавање секрет и намалување на вискозноста на слузта (секретолиза).
Од друга страна се намалува површинската напнатост на густата слуз и на тој начин истата се разредува (муколиза). Со намалување на вискозноста на слузта таа се разредува и полесно може да се искашла. Алфа хедеринот со стимулација на бета-2-адренергични рецептори во белите дробови доведува до опуштање на мускулите на бронхиите (бронхоспазмолиза).

Употребениот екстракт во сирупот Мукоплант бршлен на Д-р Тајс е одобрен од Committee on Herbal Medicinal Products (HMPC), дел од ЕМА European Medicinal agency http://www.ema.europa.eu/docs/en_GB/document_library/Herbal_-_Herbal_monograph/2016/01/WC500199890.pdf
а) Dry extract (DER 4-8:1), extraction solvent ethanol 24-30% m/m
Маркетинг авторизацијата во ЕУ, како и во Македонија – Лек со добро етаблирана употреба е врз основ на препораките содржани во Монографијата за хербалната супстанција Hedera helix L. folium, во која се пропишани категорија на лек, состав, индикации, дозирање…
Етаблираниот производител Д-р Тајс Натурварен ги запазува препораките на ЕМА, што дава сигурност во употребата на неговите производи.

ШТО ПРЕТСТАВУВА СИРУПОТ МУКОПЛАНТ БРШЛЕН И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Сирупот Мукоплант бршлен е лек за хербален состав кој се употребува за искашлување (експекторанс) во случај на продуктивна кашлица кај возрасни, адолесценти и кај деца од 2 годишна возраст.

Мукоплант сирупот од бршлен:

– го раствора секретот
– го олеснува искашлувањето (го помага излачувањето на секретот од дишните патишта)

Активна супстанција во 100 ml сируп:
сув екстракт од лист на бршлен (Hedera helix L. folium) (4-8:1)…………..154 mg
Средство за екстракција: етанол 30% (m/m).
Помошни супстанции: калиум сорбат; хидроксиетил целулоза; арома – црна рибизла; малтитол, раствор (Е 965); анхидрид на лимонска киселина; вода, прочистена.
Помошни супстанции со познато дејство: 1 ml од лекот соржи 400 mg малтитол, раствор.
Кафеавкасто-жолт, малку заматен сируп за перорална употреба, со карактеристичен мирис (рибизла).
Картонската кутија содржи темнo стакленo шише со врат за точење, затворено со пластичен затворач на навртување, пластична одмерна чаша градуирана на 2.5, 5, 7.5, 10 и 15 ml, упатство за пациентот. Достапни се пакувања од 100 ml, 200 ml и 250 ml. Сите големини на пакувања може да не бидат пуштени во промет.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ СИРУПОТ МУКОПЛАНТ БРШЛЕН?

Дозирање
Возрасни, адолесценти и деца над 12 години
20 ml (2 x 10 ml) три пати на ден.
Деца помеѓу 6-12 години
15 ml три пати на ден..
Деца помеѓу 2-5 години
7,5 ml три пати на ден.
За правилно дозирање треба да се употреби приложената одмерна чаша.
Педијатриска популација
Сирупот Мукоплант бршлен не треба да се употребува кај деца под 2 години старост.
Начин на употреба
Перорална употреба.

Сирупот Мукоплант бршлен се препорачува да се употребува нерастворен со доволно вода или топли не-кафеински напитоци.
Ако симптомите и по 7 дена од употребата на лекот сеуште се присутни, мора да се консултира лекар или фармацевт.
Информација за пациенти со дијабетес
2 мерни чаши сируп (10 ml) содржат 4 g малтитол, раствор – што одговара на околу 0.3 лебни единици. Ова треба да се земе во предвид кај лица кои страдаат од дијабетес мелитус. Калоричната вредност е 2.3 kcal/g малтитол, раствор.
Ако ефектот на сирупот Мукоплант бршлен Ви се чини премногу силен или премногу слаб, Ве молиме да зборувате со Вашиот лекар или фармацевт.

sirup_brslen

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

Упатство за употреба