Д-р Тајс Мукоплант Сируп од тегавец

Д-р Тајс Мукоплант тегавец, сируп

Скршете го отпорот на уште една тврдокорна кашлица

Сирупот Мукоплант тегавец е традиционален хербален лек против кашлица. Традиционално се опутребува при воспаленија и заболувања на дишните патишта и кај деца и кај возрасни.Се користи за симптоматски третман на иритации на устата или грлото придружени со сува кашлица.Екстрактот од тегавецот е препознатлив и по својата превентивна моќ, па Мукоплант Сирупот од тегавец е незаменлив во сезони на настинки и вирози.
Уникатноста на овој препарат од богатата палета на Д-р Тајс, покрај високата концентрација на екстрактот од тегавец (5g/100g), е нагласена и со употребата на интегралните засладувачи, како што се медот и сирупот од шеќерна репка кои во целост ја задржуваат лековитоста и природниот вкус на сирупот. Токму затоа сирупот Мукоплант тегавец е омилен кај децата.
Мукоплант Сирупот од тегавец е многу вкусен, може да се зема нерастворен. Доколку се зема со чај или, евентуално, свежо исцеден сок неговата лековита моќ има нагласено дејство.

ШТО ПРЕТСТАВУВА СИРУПОТ МУКОПЛАНТ ТЕГАВЕЦ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица е традиционален хербален лек кој формира заштититен филм врз слузницата на устата и грлото и ја ублажува иритацијата и воспалението (демулсент). Се користи за симптоматски третман на иритации на устата или грлото придружени со сува кашлица.
Фармакотерапевтска група: препарати за кашлица и настинка, други препарати за настинка.
*Активна супстанција е течен екстракт од лист од тегавец.
Секој ml од сирупот содржи 64 mg течен екстракт од лист од тегавец (Plantaginis lanceolatae folium extractum fluidum (1:1) 5 g/100 g.
Средство за екстракција: етанол 20% (m/m).
* Помошни супстанции се сируп од шеќерна репка, шеќер (сируп од инвертен шеќер), мед, калиум сорбат, етерично масло од питомо нане, вода, прочистена.

Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица е темно кафеав, вискозен, ароматичен раствор со сладок вкус за перорална употреба.

Картонската кутија содржи темно стакленo шише, затворено со пластичен затворач на навртување, градуирана пластична одмерна чаша (2.5 ml, 5 ml, 10 ml, 15 ml) и информации за корисникот. Шишето содржи 100 ml/250 ml сируп.
Сите големини на пакувања може да не бидат пуштени во промет.
Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица во својот состав содржи повеќе биолошки активни соедененија кои се одговорни за неговите дејства.
Активната супстанција, течниот екстракт од лист од тегавец (1:1), ги содржи следниве групи на соединенија: иридоидни гликозиди, полисахариди (2% слузи), флавоноиди, фенилкарбоксилна киселина, фенилетаноиди, 6,55% танини и сапонини.
Благодарение на содржината на слузите кои ја обложуваат слузницата на устата и грлото, екстрактот од тегавец традиционално се употребува за ублажување (намалување и смирување) на дразбата за кашлање.
Останатите активни соединенија (иридоидни гликозиди, фенилетаноиди) поседуваат умерено антимикробно дејство, антиинфламаторно дејство, спазмолитично дејство (ги намалуваат грчевите на мазната мускулатура) и умерен ефект на имуниот систем.

Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица е традиционален хербален лек и се употреба во случај на наведените индикации врз основа на неговата долгогодишна употреба.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ СИРУПОТ МУКОПЛАНТ ТЕГАВЕЦ?

Препорачанa дозa

Адолесценти (12-18 години), возрасни и стари лица
15 ml сируп (1 супена лажица) 3 до 4 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 45-60 ml).

Педијатриска популација
Деца помеѓу 5-11 години
15 ml сируп (1 супена лажица) 2 до 3 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 30-45 ml).
Деца помеѓу 3-4 години:
10 ml сируп (2 чајни лажици) 2 до 3 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 20-30 ml).

sirup_brslen

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

PDF – Упатство за пациентот