Мукоплант тегавец Добра ноќ, сируп

Мукоплант тегавец Добра ноќ, сируп

Сирупот Мукоплант тегавец Добра ноќ се препорачува пред сѐ за ублажување на тврдокорната ноќна кашлица, особено кај децата. Ефикасно ја ублажува кашлицата и воспалението на респираторниот тракт. Освен тегавец, содржи и екстракти на тимјан, маточина и камилица, кои на природен начин го релаксираат организмот од кашлање и допринесуваат за спокоен и мирен сон. Има пријатен вкус и особено се препорачува за децата.

Што претставува и за што се употребува граничниот производ Мукоплант тегавец Добра ноќ
Мукоплант тегавец Добра ноќ е сируп за перорална употреба. Придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон.

Екстрактите од теснолистен тегавец (Plantago lanceolata), тимјан (Thymus vulgaris) и камилица (Chamomilla recutita) придонесуваат во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта.
Екстрактот од маточина (Melissa officinalis) на природен начин помага во релаксирање и опуштање и овозможува одржување на нормалниот сон.
Витаминот Ц (аскорбинската киселина) придонесува за нормалната функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.

Што содржи Мукоплант тегавец Добра ноќ
Состав:
Стабилизатори: сорбитол-, малтитол- сируп; вода; естракт од лист од теснолистен тегавец 1:1 (4,5 %) (Plantago Lanceolata L.; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет и лист од тимјан 1:5 (0,3 %) (Thymus vulgaris L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет од камилица 1:7 (0,3 %) (Chamomilla recutita L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); згуснувач: ксантан гума; витамин Ц (аскорбинска киселина); конзерванс: калиум сорбат; арома: анасон; екстракт од билката од маточина 4,3-5,2:1 (0,05 %) (Melissa officinalis L., малтодекстрин). Содржи сулфур диоксид.

Начин на употреба
Перорална употреба (се пие).
Вообичаено дозирање
-деца од 4-6 години: ½ чајна лажичка (2,5 ml) три пати на ден,
-училишни деца: 1 чајна лажичка (5 ml) три пати на ден.
-возрасни: 1 супена лажица (15 ml) три пати на ден.

Мукоплант тегавец Добра ноќ, може да се зема и преку ден и навечер за олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон, но не повеќе од 6 пати во текот на 24 часа.
Доколку преку ден земате друг сируп (на пр. сирупот Мукоплант тегавец) препорачливо е ноќната доза да ја замените со соодветната единечна доза од Мукоплант тегавец Добра ноќ. Вкупно, дозирањето не треба да е повеќе од 6 пати во тек на 24 часа.
Не се препорачува континуирана употреба подолго од 1 недела.
Ве молиме да се придржувате до препорачаните дневни дози.

“Пред употреба на граничниот производ, внимателно да се прочита упатството!”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.
PDF – Упатство за пациентот