Мукоплант Бронхосепт, перорална течност

Мукоплант Бронхосепт, перорална течност

И овој природен производ од палетата на Д-р Тајс е хербален лек кој има благо дејство, без несакани појави и природен вкус. Во него се избалансирани лековитите својства на тимјанот и анaсонот, билки кои имаат вековна употреба во традиционалната медицина.

ШТО ПРЕТСТАВУВА МУКОПЛНТ БРОНХОСЕПТ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Мукоплант Бронхосепт е хербален медицински производ за третман на болести на горниот респираторен тракт. За подобрување на симптомите на катар на респираторниот тракт со вискозен слуз.
Мукоплант Бронхосепт е перорална течност со кафеава боја и типичен мирис на анасон и тимјан.
Kартонска кутија содржи темно стаклено шише x 30 ml/кутија со инсертирана капалка и затворач на навртување (PP/PE) и упатство за пациентот.

1g течност (24 капки) содржи:
Активни супстанции
течен екстракт од тимјан (Thyme liquid extract (1:2-2,5)…….250 mg
естрахирано со: амониа раствор 10 % (m/m)/
глицерол 85 %/етанол 90 %/ вода (1:20:70:109)
Етерично масло од ѕвездест анасон (Star anise oil)……………….50 mg
Помошни супстанции
Етанол 96 % (V/V), пропилен гликол, макроголглицерол хидроксистеарат

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ МУКОПЛАНТ БРОНХОСЕПТ?

Начин на употреба
Перорална употреба (се пие).

Дозирање
Адолесценти од 12 години, возрасни и постари лица да земат 36 капки (1,5 g) во вода три пати на ден.

Педијатриска популација
Употребата кај деца под 12 години не се препорачува.

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

PDF – Упатство за пациентот