Д-р Тајс Мукоплант Еукалиптус балсам С

Mucoplant балсам од еукалиптус S против настинка

Спречете ја настинката навреме

Моќта на Мукоплант Еукалиптус балсамот С произлегува од волшебната комбинација на етерични масла на еукалиптус, борови иглички и камфор.
Етеричните масла се вистински мелем за организмот при настинки, вирози, грип и кашлица. Мукоплант Еукалиптус балсамот С е комбинација на вековната традиција и најсовремената технологија во употребата на лековитите билки и даровите од природата во функција на здравјето.
Овој производ од билната аптека на Д-р Тајс видливо ги олеснува тешкотиите при инфекциите на дишните патишта, а подобрување се чувствува веќе по првиот ден од употребата.
Како и другите производи од линијата Мукоплант на Д-р Тајс, и Мукоплант Еукалиптус балсамот С има докажано брзо и ефикасно дејство, а правилната и навремена употреба успешно ги решава тегобите.
Искуството покажува дека посебно добри и брзи резултати во третманот на ваквите инфекции се постигнуваат со комбинација на Мукоплант Еукалиптус балсамот С и Мукоплант Сирупот од тегавец.

ШТО ПРЕТСТАВУВА Д-Р ТАЈС МУКОПЛАНТ ЕКАЛИПТУС БАЛСАМ С И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?
Мукоплант Еукалиптус балсам С против настинка е маст за надворешна употреба – за дермална употреба (за втривање) и за респираторна употреба (за инхалација), со светло жолта боја и пријатен мирис на еукалиптус.

Активни супстанции во 100 g маст:
етерично масло од еукалиптус (Eukalyptus oil)………………. 7,5 g
етерично масло од бор (Pine sylvestris oil)………7,5 g
камфор, рецемичен (Camphor, racemic)………………………….5,0 g
помошни супстанции: масло од пченка, рафинирано; пчелин восок, жолт; тврда маст.
Оригиналната картонска кутија содржи темна стаклена тегличка (20g/50g) и упатство за пациентот.
Комбинацијата на активни супстанции го намалува застојот на сектретот во дишните патишта, го промовира искашлувањето и го олеснува дишењето.
Етеричното маслото од бор покрај дејството да го формира бронхијалниот секрет има и дополителен антимикробен ефект.
Мукоплант Еукалиптус балсам С против настинка е традиционален хербален лек и врз основа на досегашните искуства се уотребува за:

  • третман на болести на респираторниот систем, придружени со кашлица,
  • олеснување на симптомите на настинка и бронхитис,
  • засипнатост и други воспалителни процеси на горните дишни патишта, придружени со кашлица и бронхијална опструкција како и зголемена мукозна секреција,
  • подобрување на здравствената состојба при вообичаени настинки.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ МУКОПЛАНТ ЕКАЛИПТУС БАЛСАМ С? 

Начин на употреба
Дермална употреба (за втривање) и респираторна употреба (за инхалација).
Дозирање
За втривање
За деца помеѓу 4 и 12 години, адолесценти, возрасни и постари лица.
Доколку не е поинаку препишано од лекар, маста во тенок слој се нанесува со лесно втривање на кожата на градите и грбот неколку пати во текот на денот и навечер пред спиење. По нанесувањето на маста, топлината треба да се одржува со фланелна или волнена облога или пациентот треба топло да се облече.

За инхалација
Во 1/2 L врела вода, но не во вода што врие (65˚C) да се раствори од маста

– за деца помеѓу 6-10 години: 1 кафена лажичка,
– за деца постари од 10 години и возрасни: 2 кафени лажички.

Главата да се препокрие со пешкир и да се инхалира од пареата 5-10 минути. За деца во присуство на возрасен.

Главата препокријте ја со пешкир и инхалирајте од пареата 5-10 минути.

Маста е погодна за употреба како додаток при инхалација со апарат за инхалација кој користи врела вода.
Инхалацијата е особено погоден метод за олеснување на спиењето во случај на кашлица.

Педијатриска популација
Втривање на Мукоплант Еукалиптус балсам С не се препорачува кај деца помали од 4 години и инхалација не се препорачува кај деца помали од 6 години. Употребата на Мукоплант Еукалиптус балсам С е контраиндицирана кај деца помали од 2,5 години.
Внимавајте децата да не ја допрат кожата од третираните делови и внимавајте на нив за време на инхалацијата.

Лекот не треба да се употребува подолго од 14 дена, без препорака од лекар.

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

Упатство за употреба