Д-р Тајс Мукоплант Анисол, капсули

Д-р Тајс Мукоплант Анисол, капсула мека

Спротивставете се на кашлицата и бронхитисот

Есенцијалните или етеричните масла се „тајните“ на билките во кои е скриена нивната лековита моќ и силата на мирисите. Во соработка со природата, карактеристично за целата Мукоплант палета на Д-р Тајс се подготвени и Мукоплант Анисол капсулите со чисто етерично масло од ѕвездест анасон.

Позитивната делотворност на маслото од ѕвесдест анасон особено е нагласена кај органите за дишење, во време на вирози и настинки, а особено е препознатливо по своето антибактериско дејство.

Во народната медицина анасонот, не е познат само како лековита, туку и и зачинска билка. Има пријатен вкус и мирис кој го дава анетолот (ароматичен етер) – главна компонента на анасонот.

ШТО ПРЕТСТАВУВА Д-Р ТАЈС МУКОПЛАНТ АНИСОЛ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?
Д-р Тајс Мукоплант Анисол се меки, овални желатинозни капсули со транспарентно зелена боја и специфичен мирис на анасон.
Активна супстанција во една капсула:
етерично масло од ѕвездест анасон (Anisi stellati aetheroleum)………………100 mg
помошни супстанции: масло од семе на маслодајна репа, рафинирано; компоненти на обвивката на меката желатинозна капсула: желатин (Succinylated Gelatin), гицерол (85%),
прочистена вода и хлорофилин бакар натриум комплекс, E 141.

Оригиналната картонска кутија содржи три блистер фолии по 10 капсули и упатство за пациентот (30 капсули (блистер 3 x 10)/кутија).

Идикации за употреба на Д-р Тајс Мукоплант Анисол се болести на респираторниот тракт предизвикани од настинка со карактеристична вискозна секреција и кашлица.
Д-р Тајс Мукоплант Анисол е традиционален хербален лек со секретолитичко, експекторантно и антибактериско дејство. Перорално внесено масло од ѕвездест анасон брзо се ресорбира, најмногу во тенкото црево. Преку крвта, брзо доспева до пулмоналните алвеоли, каде што е во можност да ги оствари своите дејства. Маслото од ѕвездест анасон и неговата главна компонента – анетолот (ароматичен етер) го разводнуваат густиот секрет и го поттикнуваат неговото излачување од респираторниот тракт. Делуваат антибактериски во долните дишни патишта, а преку издишаниот воздух и во горните дишни патишта, за само 30-40 минути по внесувањето.

Врз основа на досегашните искуства, Д-р Тајс Мукоплант Анисол традиционално се употребува при:

  • воспалителни болести на горните дишни патишта, придружени со вискозна секреција и кашлица,
  • мукозна секреција и синузитис,
  • бронхијална конгестија (опструкција),
  • бронхијален катар (воспаление на мукозната мембрана со зголемено излачување на слуз).

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ Д-Р ТАЈС МУКОПЛАНТ АНИСОЛ?
Колкава количина и колку често треба да земате Д-р Тајс Мукоплант Анисол?

Начин на употреба
Перорална употреба.

Дозирање
Деца над 12 години и возрасни: една капсула три пати на ден.
Капсулите треба да се земаат после јадење со доволно течности.
Лекот не содржи шеќер, погоден е за употреба и кај дијабетичари.
Педијатриска популација
Употребата на лекот не се препорачува кај деца под 12 години. 

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

PDF – Упатство за пациентот