Dr.Theiss Микро-Венен

Микро-Венен

Убави нозе во два чекора

Мрежата од проширени површински капилари не е заболување туку пред сѐ е проблем од естетска природа, кој може да се појави и кај мажите, и кај жените.

Капиларите се поставени веднаш под епидермисот, ослабувањето на ѕидот на капиларите веднаш се отсликува на кожата како пајакова мрежа. Проширените  површински капилари обично се појавуваат паралелно на двете нозе, а особено се изразени во пределот на бедрата и листовите кај жените.

Причината за нивно појавување е слабост на ѕидовите на вените, на пример, при преоптоварување на нозете поради долго седење, прекумерна тежина, како и сите болести поврзани со преоптоварување на зглобовите.

Решение?

Покрај досегашниот избор на Dr. Theiss Венен гел, традиционален хербален лек за третман на површинските и длабинските варикозни вени, дополнително можно решение е употреба на Dr. Theiss Микро-Венен серијата: балсамот и ладниот спреј, за убави нозе во два чекора.

Активни состојки:

–       екстракт од семки од див костен – активната состојка во екстрактот –  есцин, со векови се користи за подобрување на состојбата кај варикозни вени. Ги намалува отоците и го зајакнува ѕидот на вените и капиларите

–       екстракт од листови на винова лоза – помага во намалување на отоците и ја подобрува микроциркулацијата

–       етерично масло од планински бор

– δ-3-Carene е природна супстанција која ги поддржува и зајакнува природните заштитни сили на организмот со моќното антиинфламаторно дејство,

– α-Pinene & β-Pinene – ја помагаат циркулацијата и го намалуваат создавањето на медијаторите на воспалението

–       екстракт од корен од блага метла – се користи во креми и балсами наменети за зајакнување на крвните садови и капилари и за лекување на проширени вени и хемороиди

–       екстракт од тигрова трева и хељда – ја помага регенерацијата на сврзното ткиво и го зголемуваат производството на колаген со што на природен начин ги намалуваат брчките стриите, помагаат за нега на лузни како и за заздравување на нега на рани

–       екстракт од бршлен – нанесен локално на кожа, одговорен е за заштита на крвните садови и нивна пропустливост

–       колагенот е главен протеин во сврзното ткиво на човекот. Обезбедува цврстина и еластичност на кожата, ги зајакнува крвните садови и има важна улога во развојот на ткивата. Колагенот и еластинот овозможуваат тонус на кожата, и’ ја даваат потребната влажност, еластичност, густина и здрав изглед. Помага во намалување на видливоста на површинските вени т.н. капилари.

–     витамин Е – ги неутрализира и деактивира токсичните слободни радикали кои се создаваат под влијание на сончевите зраци врз нашиот организам. Придонесува за ограничување и спречување на оштетувањето на кожата. Ја намалува видливоста на површинската мрежа од капилари.

–       пантенолот, витаминот Е, алантоинот, маслото од јојоба, маслото од сончоглед,  камфорот и ментолот ја освежуваат и негуваат кожата.

 

Dr. Theiss Микро-Венен балсам

Внимателно одбраната комбинација на горенаведените активни состојки помагаат во намалување на видливоста на површинските вени т.н. капилари.

– помага за зацврстување на ѕидот на вените, ја намалува видливоста на капиларите, ја подобрува циркулацијата и го намалува воспалението

–   козметичка нега за убави нозе

– ја негува и регенерира кожата и поткожното ткиво

– содржи колаген и витамин Е за зајакнување на еластичноста на сврзното ткиво, намалување на целулитот, хијалуронат за покривање на неправилностите на кожата и успешно намалување на видливоста на површинската мрежа од капилари.

Начин на употреба: два пати на ден се нанесува на засегнатите делови на нозете. Лесно се впива и не масти.

За оптимална успешност, се препорачува нозете пред нанесување на балсамот да се истушираат со ладна вода, а по нанесување да се држат на повисоко 10 минути.

Пакување: туба x 100 ml/кутија