ХербалСепт Кидс кашлица, лижавчиња

ХербалСепт Кидс кашлица, лижавчиња

Ја обложуваат слузницата на устата и грлото со заштитен слој и ја олеснуваат кашлицата

Начин на дејство:
– олеснување на кашлица
– намалување на честота на кашлањето
– олеснување на искашлувањето

ХербалСепт Кидс кашлица е медицинско средство во форма на лижавчиња. Идеална фармацевтска форма за лесна употреба, прилагодена за најмалата популација. Содржи екстракт од исландски лишај, екстракт од корен на бел слез, екстракт од тимјан и витамин Ц.
Благодарение на своето дејство ХербалСепт Кидс кашлица ја заштитуваат слузницата од штетното дејство на надворешните надразнителни фактори, намалувајќи ја честотата на рефлексното кашлање. Ја подобрува влажноста на грлото и го олеснува искашлувањето.
Екстрактот од исландскиот лишај ја смирува иритацијата на слузницата на устата и грлото, ја освежува и навлажнува слузницата. Екстрактот од коренот од бел слез содржи слузи кои рамномерно ја обложуваат слузницата на устата и грлото, овлажнувајќи ги и штитејќи ги од штетното дејство на надразнителни фактори, интензивирајќи ја подвижноста на влакненцата на епителните клетки. Екстрактот од тимјан го подржува физиолошкото чистење на дишните патишта.

Состав
Секое лижавче содржи: сув екстракт од исландски лишај, екстракт од тимјан, екстракт од корен на бел слез, прав од аронија и витамин Ц.
Останати компоненти: шеќер, гликозен сируп, вода, лимонска киселина, вкус на малина, боја Е120.

Кога треба да се употребуаат лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица?

Составните компоненти на медицинското средство ХербалСепт Кидс кашлица ја обложуваат слузницата на устата и грлото со заштитен слој и ја олеснуваат кашлицата. Составните компоненти на производот ја заштитуваат слузницата од штетното дејство на надворешните надразнителни фактори (како сув, нечист и ладен воздух), намалувајќи ја честотата на рефлексното кашлање. Исто така, ХербалСепт Кидс кашлица ја подобрува влажноста на грлото и го олеснува искашлувањето. Овие својства на производот ја враќаат рамнотежата на надразнетата слузница.
Екстрактот од коренот од бел слез содржи слузи кои рамномерно ја обложуваат слузницата на устата и грлото, овлажнувајќи ги и штитејќи ги од штетното дејство на надразнителни фактори, интензивирајќи ја подвижноста на влакненцата на епителните клетки. Екстрактот од тимјан го подржува физиолошкото чистење на дишните патишта.

Лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица се препорачуваат:
• за олеснување на кашлица и намалување на честота на кашлањето кај децата
• како помош во олеснување на искашлувањето
• како средство за заштита на слузницата на усната шуплина од надразнителни фактори
• за лица кои патат од сува слузокожа на устата
• заштита на слузницата на грлото и ждрелото

Кога не треба да се употребуваат лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица?
ХербалСепт Кидс кашлица лижавчињата не треба да се употребаат во случај на позната преосетливост на некоја од супстанциите во состав на производот. Лижавчињата не треба да ги употребуваат деца помали од 3 години.
Информација за дијабетичари: лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица содржат шеќер, затоа не треба да не се употребува во случај на дијабетес.

Како се употребуваат лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица?
Деца постари од 3 години: 1 лижавче не повеќе од три пати на ден.
Употребата на лижавчињата кај деца треба да биде во присуство на возрасен.
Доколку симптомите не се подобрат по 5 дена од употребата, мора да појдете на лекар.

Кои пакувања се достапни?
Кутијата содржи 6 лижавчиња со вкус на малина.
Нето тежина: 60 g ℮ (6 лижавчиња x 10 g/кутија)

lizavchinja

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”
За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

PDF – Упатство за пациентот