Д-р Тајс Хербал Септ

Хербал Септ

Д-р Тајс Хербал Септ
жалфија пастили со тегавец


herbal-sept-thumbШто претставува и за што се употребува граничниот производ Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со тегавец

Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастилите со тегавец придонесуваат во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта.

Екстрактот од листот на жалфија (Salvia officinalis)  и екстрактот од тергавец (Plantago lanceoalata) придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта.

Витаминот Ц придонесува за нормалната функција на имуниот систем и за намалување на заморот и исцрпеноста.

Како се употребува граничниот производ Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со тегавец

Секогаш употребувајте го граничниот производ според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар/фармацевт.

Дозирање

Возрасни и деца постари од 6 години да растопат една пастила во устата на секои 2-3 часа.

Не повеќе од 6 пастили на ден.

Не се препорачува континуирана употреба подолго од 2  недели.

Не се препорачува употреба при бременост и доење.

Ве молиме да се придржувате до препорачаните дневни дози.

Што содржи Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со тегавец

Активни супстанции:
100 g 1 пастила (2,5 g) 6 пастили (15 g)
Витамин Ц
(аскорбинска киселина)
800 mg 20 mg 120 mg
Ектрат од жалфија
2-3:1
1,5 g 37,5 mg 225 mg
Екстракт од тегавец
1,6-1,9:1
1,0 g 25 mg 150 mg

Помошни супстанции: шеќер, глукозен сируп, вода, арома, регулатор на киселост: лимонска киселина.

1 пастила (2,5 g) содржи 20 mg витамин Ц (за деца од 6-14 г. 44 % од МДК, за возрасни 5,7 % од МДК)

МДК = Максимална дозволена дневна количина

Eнергетска вредност  во 100 g: 381 kcal (1618 kJ), јаглехидрати 94,1g, протеини, масти и сол 0g.

Изглед и големина на пакување

60 g (24 пастили x 2,5 g)/блистер 2 x 12/кутија 

Пакувањето содржи 60 g (24 пастили). Пастилите се тврди, со овална форма и специфичен вкус.

Начин на издавање на граничниот производ

Граничниот производ се издава и/или продава без рецепт.

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи

11-91/2; 09.03.2016 година.

Пред употреба на граничниот производ, внимателно да се прочита упатството! 

PDF –Информации за корисникот

Д-р Тајс Хербал Септ
жалфија пастили со камилица и мед


Што претставува и за што се употребува граничниот производ Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со камилица и мед

Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастилите со камилица и мед придонесуваат во олеснување на дразнењето на грлото и гласните жици и го намалуваат дразнењето на горните дишни патишта.

Екстрактот од листот на жалфија (Salvia officinalis) придонесува во олеснување на дразнењето на грлото и гласните жици.

Екстрактот од цветот на камилица (Chamomilla recutita) придонесува во намалување на дразнењето на горните дишни патишта.

Витаминот Ц придонесува за нормалната функција на имуниот систем и за намалување на заморот и исцрпеноста.

Како се употребува граничниот производ Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со камилица и мед

Секогаш употребувајте го граничниот производ според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар/фармацевт.

Дозирање

Возрасни и деца постари од 6 години да растопат една пастила во устата на секои 2-3 часа.

Не повеќе од 6 пастили на ден.

Не се препорачува континуирана употреба подолго од 2  недели.

Не се препорачува употреба при бременост и доење.

Ве молиме да се придржувате до препорачаните дневни дози.

Што содржи Д-р Тајс Хербал Септ жалфија пастили со камилица и мед

Активни супстанции:
100 g 1 пастила (2,5 g) 6 пастили (15 g)
Витамин Ц
(аскорбинска киселина)
800 mg 20 mg 120 mg
Ектрат од жалфија
2-3:1
1,5 g 37,5 mg 225 mg
Екстракт од камилица
2,0-2,5:1
1,0 g 25 mg 150 mg

Помошни супстанции: шеќер; глукозен сируп; вода; арома; мед.

1 пастила (2,5 g) содржи 20 mg витамин Ц (за деца од 6-14 г. 44 % од МДК, за возрасни 5,7 % од МДК)

МДК = Максимална дозволена дневна количина

Eнергетска вредност во 100 g: 381 kcal (1621 kJ), јаглехидрати 94,6g, протеини, масти и сол 0g.

Изглед и големина на пакување

60 g (24 пастили x 2,5 g)/блистер 2 x 12/кутија 

Пакувањето содржи 60 g (24 пастили). Пастилите се тврди, со овална форма и специфичен вкус.

Начин на издавање на граничниот производ

Граничниот производ се издава и/или продава без рецепт.

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи

11-917/2; 09.03.2016 година.

Пред употреба на граничниот производ, внимателно да се прочита упатството!

PDF –Информации за корисникот