МУЛТИВИТАМОЛ ЛИНИЈА

Д-р Тајс Мултивитамол пастили

Додатоци на исхрана

Децата и адолесцентите не размислуваат дали храната која секојдневно ја внесуваат е здрава и богата со витамини. Важно им е само да е вкусна и модерна како на пример “брза храна”. Последиците од ваква неизбалансирана исхрана доаѓаат брзо. Затоа родителите можат навреме да превземат мерки внесувајќи во менито на своите деца храна богата со витамини, минерали и балансни материи.
Доколку имате потреба за избалансирана комбинација на витамини во случај на состојби на зголемена нутритивна потребакај мали деца, училишни деца или кај возрасни (за време на периоди на закрепнување, периоди на интензивен раст или периоди на потреба од подобрување на апетитот), можете да употребите од препаратите од Мултивитамол линијата на Dr. Theiss.
Д-р Тајс Мултивитамол препаратите содржат внимателно одбрана комбинација на витамини, прилагодена на возраста за која се наменети.

Д-р Тајс Мултивитамол пастили 50 g
– избалансирана комбинација на 10 витамини,
– за состојби на зголемена нутритивна потреба кај деца од 5 години,
– пријатен вкус на тропско овошје,
– витамините Б6, Б12, Ц и фолатот* придонесуваат за нормална функција на имуниот систем
– ниацинот и биотинот придонесува за нормален енергетски метаболизам, нормално функционирање на нервниот ситем и нормална психолошка функција,
– витамините Б6 и Б12 придонесуваат за нормално создавање на црвени крвни клетки,
– фолатот* придонесува за нормална психолшка функција, нормална функција на имуниот систем и намалување на заморот и исцрпеноста,
* Фолната киселина во организмот се редуцира во биолошки активен фолат.
Состав:
аскорбинска киселина, никотинамид, токоферил ацетат, калциум пантотенат, рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид, фолна киселина, биотин, тиамин мононитрат, цијанокобаламин;
други состојки: вода, шеќер, гликозен сируп, концентрат од сок од портокал; регулатор на киселост: лимонска киселина; арома на пртокал и тропско овошје.
Начин на употреба: да се растопат во уста
– деца од 5-10 години: 1 пастила на ден,
– деца од 11-14 години: 3 пастили на ден и
– возрасни: 6 пастили на ден

Начин на чување
Да се чува на температура под 25°C.
Да се чува на места недостапни за деца!
Рок на траење: 3 години.
Да не се употребува по истекот на рокот на траење, означен на пакувањето.

Производите од Мултивитамол линијата на Dr. Theiss спаѓаат во групата додатоци на исхрана, по мислење од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ – мислење бр. 17-2188/2/3/4 од 21.05.2012 г.).
Ве молиме да се придржувате до препорачаната дневна доза. Додатокот на исхрана не е надоместок или замена за избалансирана исхрана.

За повеќе информации за здравствените тврдења за витамините содржани во Д-р Тајс Мултивитамол линијата погледнете го упатството!
За оптимално дозирање Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар.

Упатство за употреба

MULTIVITAMOL_PASTILI