Д-р Тајс АнгиСепт Кидс, лижавчиња

Д-р Тајс АнгиСепт Кидс, лижавчиња

Ја обновуваат примарната функција на слузницата на устата и грлото

Д-р Тајс АнгиСепт Кидс е медицинско средство во форма на лижавчиња. Идеална фармацевтска форма за лесна употреба, прилагодена за најмалата популација. Содржи екстракт од исландски лишај, екстракт од корен на бел слез, екстракт од листови на жалфија и витамин Ц.
Благодарение на своето дејство Д-р Тајс АнгиСепт Кидс лижавчињата при настинка го смируваат воспалението и чувството на сувост и болка во грлото и потешкотиите при голтање. Помагаaт при кашлица и засипнатост на гласот.

Активните состојки во Д-р Тајс АнгиСепт Кидс лижавчињата дејствуваат како заштитен филтер на слузницата на устата и грлото, го запираат штетното влијание на надворешни фактори, како суви простории, сув и загаден воздух.
Екстрактот од исландскиот лишај ја смирува иритацијата на слузницата на устата и грлото, ја освежува и навлажнува слузницата. Екстрактот од корен на бел слез ја обложува слузницата со нежен филм и ја смирува. Дејствува антивоспалително и имуностабилизирачко. Екстракт од листови на жалфија има антибактериско, адстрингентно и антивоспалитено дејство. Има дополнителен секреторен ефект.

Состав
Секое лижавче содржи: екстракт од исландски лишај, витамин Ц, екстракт од корен на бел слез, сок од аронија, екстракт од листови на жалфија. Останати состојки: шеќер, гликозен сируп; регулатор на киселост: лимонска киселина, природна арома на портокал; бои: Е 100, Е 120.

Кога треба да се употребува Д-р Тајс АнгиСепт Кидс лижавчиња?
Д-р Тајс АнгиСепт Кидс лижавчињата го смируваат воспалението на грлото кое се јавува заедно со температура и ги олеснуваат придружните симптоми на болка, чувство на горење, чувство на сувост во грлото како и потешкотии при голтање. Заштитната облога на слузницата на устата и грлото, што ја овозможува производот, го стопира штетното дејство на надворешните фактори (како суви простории, сув, нечист и ладен воздух). Медицинското средство Д-р Тајс АнгиСепт Кидс лижавчиња допринесува во обновување на рамнотежата и заздравување на примарната функција на слузницата на устата и грлото. Исто така, ја навлажнува и освежува слузницата на устата и грлото.

Индикации:
• Ја навлажнува слузокожата на грлото и ждрелото
• Олеснување на болката во грлото
• Смирување на иритацијата на грлото
• Заштита на слузницата на грлото и ждрелото

Мерки за претпазливост и посебни упатства
Д-р Тајс АнгиСепт Кидс лижавчињата не се наменети за употреба кај деца помали од 3 години или кај лица со позната препсетливост на некоја од супстанциите во состав на производот.
Лижавчињата содржат шеќер, затоа не треба да не се употребуваат во случај на дијабетес.

Употреба на Д-р Тајс АнгиСепт Кидс лижавчиња за време на бременост и лактација
Не постојат податоци дека употребата за време на бременост и доење е контраиндицирана.

Употреба
Д-р Тајс АнгиСепт лижавчињата се употебуваат три пати на ден по едно лижавче.
Препорачаната доза од три лижавчижа на ден не треба да се надминува.
Употребата на лижавчињата кај деца треба да биде во присуство на возрасен.
Доколку симптомите не се подобрат по 5 дена од употребата, мора да појдете на лекар.

Содржина на пакувањето
4 лижавчиња x 9.1-10.9 g/кутија

lizavchinja
“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”
За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

PDF – Упатство за пациентот