Д-р Тајс Анги Септ пастили

Ангисепт

При болки и дразнење во грлото

Што е болка во грлото?

Болката во грлото е еден од симптомите на настинката или на грипот. Симптомите на настинката и грипот некогаш се исти, но кај грипот секогаш се со посилен интензитет и подолготрајни.  Покрај болката во грлото, вообичаени симптоми се: шмркање, затнат нос, кивање, кашлање, умор, малаксаност и најчесто покачена температура како последица од вирус или бактерија, како и на заслабениот имунолошки систем.

Како се манифестира болката во грлото?

Болката во грлото се манифестира со црвенило, односно со воспаление на слузницата на грлото, боцкање, пецкање и болка.  Во многу случаи таа е пропратена и со отежнато голтање.  Што треба да се преземе во случај на болка во грлото? Кај надразнетото грло, усната празнина и гингивата, важно е да се реагира веднаш. Потребно е да се консумираат многу течности во облик на растителни чаеви или топли напитоци, а потребен е и одмор. Доколку имате симптоми на настинка или грип не мора веднаш да се јавите на лекар, ако сте инаку здрави. Симптомите обично траат неколку дена, најдолго една недела. Во секој случај избегнувајте да употребувате антибиотици. Пократкиот пат до оздравувањето со употреба на јаки лекови носи брзи резултати, но ги ослабува одбранбените сили на организмот.

Препорака на Д-р Тајс за третман на болното грло, односно кој било од наведените симптоми се Д-р Тајс Анги Септ пастилите, достапни на нашиот пазар во пет вкуса:

–          жалфија
–          мед и липов цвет
–          лимон
–          цреша, и
–          sanddorn

Што претставуваатД-р Тајс Анги Септ пастилите и за што се употребуваат?

Д-р Тајс Анги Септ пастилите претставуваат комбиниран локален антисептик и терапевтско средство за грлото и усната шуплина. Тие поседуваат антимикробно, антисептично, антиинфламаторно и дезинфициентно дејство.

Употреба:

Наменети се за ублажување на симптомите на инфекции на грлото и усната шуплина и ублажување на придружната назална конгестија. Се препорачува употреба при потреба од превенција од бактериска инфекција при настинка.

Д-р Тајс Анги Септ се употребуваат за превенција и третман на инфламаторни и инфективни болести на фарингсот и ларингсот како што се:

–   болка во грлото, зарипнатост, болки при голтање
–   настинка
–   тонзилитис
–   инфламација на мукозната мембрана и гингивата
–   фарингитис.

Што содржат Д-р Тајс Анги Септ пастилите?

1 пастила (2,5g) содржи:

aктивни супстанции:

ментол …….5,4 mg
анетол …….2,4 mg
2,4 дихлорбензил алкохол ……1,2 mg
етерично масло од питомо нане …… 0,6 mg

 

помошни супстанции:

Д-р Тајс Анги Септ лимон:

сахароза, гликоза, лимонска киселина, смеса од лимонови масла, арома-лимета (limette), арома-црвен портокал, β-каротен, вода.

Д-р Тајс Анги Септ жалфија:

сахароза, гликоза, лимонска киселина, арома-жалфија, еукалиптусово масло, карамел Е 150c, вода.

Д-р Тајс Анги Септ sanddorn:

сахароза, гликоза, лимонска киселина, арома-sanddorn, екстракт од цвекло, гарденија екстракт, вода.

Д-р Тајс Анги Септ мед и липов цвет:

сахароза, гликоза, арома-липов цвет, мед, карамел Е150c, гарденија екстракт, вода.

Д-р Тајс Анги Септ цреша:

сахароза, гликоза, лимонска киселина, арома-цреша, боја Е162, вода.

Како се употребуваат Д-р Тајс Анги Септ пастилите?

Перорална употреба.

Возрасни и деца постари од 6 години:  една пастила на секои 2-3 часа полека да се растопи во устата. Не повеќе од 6 пастили на ден.

Изглед и содржина на пакувањето:

24 пастили (блистер 2 x 12)/кутија

Традиционален хербален лек

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.
PDF –Информации за корисникот