Линија за нега на кожата со екстра девствено масло од тоскана

За Doliva

Линијата на производи за нега на кожата Doliva е создадена од екстра девствено маслиново масло од Тоскана, кое ѝ дава ново, медитеранско чувство на Вашата кожа. Уживајте во долготрајната хидратација и прекрасната арома на Doliva производите… Откријте го квалитетот на „жолтото злато од Тоскана“ и дозволете си кожа мека, нежна и неодолива… како Doliva!

Зошто токму екстра девствено маслиново масло?

Маслиновото масло се користи илјадници години како високовредна состојка во исхраната и козметичката нега, заради својот исклучителен состав. Современите научни сознанија во целост ги потврдуваат интуитивните сознанија, кои  екстра девственото маслиново масло го сметаат за совршен природен концентрат на убавина.

Екстра девственото маслиново масло се добива со ладно цедење на маслинките, без хемиски преработки, со што во целост се зачувуваат неговите вредни состојки (незаситени масни киселини, витамини, антиоксиданси-полифеноли, фитостероли и минерали). Екстра девственото маслиново масло идеално се искористува и вшива во организмот, а особено длабоко продира во кожата. На тој начин се случува „ремонт внатре“ во кожата, при што клетката ја возобновува својата структура, нарушена од оксидативниот стрес (неповолни климатски влијанија, пушење, стрес). Здравата структура на клетката овозможува долготрајна хидратација (во микродози) на површинскиот хидролипиден слој на кожата наместо моменталниот хидратантен ефект.

Погодувате, на тој начин кожата станува мека, нежна, поцврста и поотпорна на дејството на слободните радикали, УВ зрачењето и загадувањето од околината.

Во прилог на ова се и последните истражувања, кои екстра девственото маслиново масло го сметаат за значаен канцер-протективен агенс. Дејството на екстра девственото маслиново масло одлично се надополнува со растителните масла од авокадо, јојоба, бадем, како и shea путерот (shea-butter), кои претставуваат интегрален дел на Doliva линијата.

Комбинацијата пак на свеж лимон и екстра девственото маслиново масло е одговорна за особено пријатната и долготрајна Doliva арома, која со сигурност нема да Ве остави рамнодушни.

Следејќи ја определбата за употреба на исклучиво одбрани природни состојки со врвен квалитет, се одлучивме нашиот избор да биде многукратно наградуваното “il vecchio frantoio”, екстра девствено маслиново масло од регионот Бути(јо), Тоскана, со 350-годишна традиција.

На својот пат до Германија, маслото поминува трикратна контрола на квалитетот, која се заокружува со дерматолошки, клинички испитувања на готовите производи.