Нега на лице

Нега на лице

Doliva интензивен LIGHT крем за лице

Нова интензивна регенеративна формула со намалено количество липиди, со ладно цедено маслиново масло, бабасу и масло од абисинија.

Единствена LIGHT формула: вода– масло емулзија (3:1) со додадени витамини А и Е, совршена комбинација за интензивна заштита и регенерација на лицето. Дозволете си мазна, витална и сјајна кожа без дополнително мастење.

Новата формула за заштита и регенерација на клетките на лицето е наменета за помлади жени со нормална до сува кожа. Додадените витамини А и Е дополнително ја штитат кожата од предвремено стареење. Посебно приготвената формула во сооднос вода : масло емулзија =3 : 1 и содржината на помалку масти е вистински избор за целата година, а особено во топлите летни месеци.

Начин на употреба: се нанесува наутро и навечер по чистењето и нежно масира кожата од лицето и деколтето. За надворешна употреба.

Пакување: стаклена тегличка x 50 ml/кутија.

Doliva интензивен крем за лице

Го регенерира површинскиот слој на кожата, ја храни и ја штити од губење на влажноста. Содржи екстра девствено маслиново масло , повисоко количество на липиди, ретинол (Витамин А) и Витамин Е, кои имаат антиоксидансно дејство и го забавуваат стареењето на кожата. Клинички докажано интензивно влажнење на кожата, намалување на брчките и подобрување на нејзината структура по само 4 недели користење. Особено погодна за употреба при неповолни климатски влијанија (студ, сонце, ветер…).  Дерматолошки испитана!

Начин на употреба: наутро и навечер по чистењето на лицето да се нанесе на кожата на лицето, вратот и деколтето, и нежно да се измасира.

Пакување: 50 ml

Doliva хидратен крем за лице

Влага која се вовлекува под кожата – 24 часа хидратација!

Хидратантната крема за лице со екстра девствено маслиново масло и shea путер, ја штити кожата од сушење и ја чини мека, мазна и свежа. Благодарение на уреата и витаминско-хидратантниот комплекс, и’ дава на Вашата кожа интензивна влажност во текот на 24 часа, и истовремено активно ја штити од губење на хидратација. Вашата кожа станува забележливо посвежа и поздрава. Дерматолошки испитана!

Начин на употреба: наутро и навечер по чистењето на лицето да се нанесе на кожата на лицето, вратот и деколтето, и нежно да се измасира. Нежна крема која брзо се впива и не ја масти кожата. Идеална е како подлога за шминка.

Пакување: 50 ml

Doliva ноќнен крем за лице + церамиди

Ноќна крема со екстра девствено маслиново масло и церамиди, која ја подобрува затегнатоста на кожата и ја штити од сушење, особено за време на ноќната фаза на обновување на кожата. Збогатена со витамини и масло од јојоба, ја подобрува еластичноста на кожата и ја влажни, па таа наутро е мека и осетливо помазна. Дерматолошки испитана!

Начин на употреба: наутро и навечер по чистењето на лицето да се нанесе на кожата на лицето, вратот и деколтето.

Пакување: 50 ml

Doliva гел за брчки околу очите

Особено наменет за нега на чувствителните делови околу очите. Ги намалува отоците на очните капаци и вреќичките под очите. Покрај екстра девственото маслиново масло, содржи екстракт на невен, витамин Е, бисаболол, хијалуронска киселина и лецитин, кои ја негуваат, хранат и зацврснуваат кожата и ги намалуваат брчките, подочниците и натеченоста. Моментно ги отстранува уморот и последиците од стресот. Дерматолошки испитана!

Делува веднаш!

Начин на употреба: наутро и навечер да се нанесе на кожата околу очите во тенок слој.

Пакување: 15 ml

Doliva крем за лице за сува и осетлива кожа

DolivaЗа секојдневна нега на сувата и осетлива кожа, со екстра девствено маслиново масло во комбинација со растителни масла од авокадо, бадем и пченични никулци. Ја поддржува регенерацијата на клетките, обезбедува баланс и тонус, а кожата на допир е нежна и еластична. Комбинацијата на мирисот на маслиновото масло и свежиот лимон моментно го става сјајот на Медитеранот на Вашето лице. Дерматолошки испитана!

Начин на употреба: наутро и навечер по чистењето на лицето да се нанесе на кожата на лицето, вратот и деколтето.

Пакување: 50 ml

 

 

Pomegranate дневен крем за зацврснување на кожата

Тројно дејство против стареењето на кожата:

1. Ја пополнува кожата однатре, ја намалува длабочината на брчките и ја затега кожата;
2. Обезбедува свеж, младешки тен, ги забавува процесите на стареење на кожата и иритацијата;
3. Ја зацврснува структурата на кожата и повторно ја гради колагенската мрежа.

Видливи резултати – ги намалува брчките веќе по првата недела користење! Клинички докажано!

Дерматолошки испитана!

Начин на употреба: да се нанесе во тенок слој на кожата на лицето, наутро веднаш по чистењето.

Пакување: 50 ml

 

Pomegranate ноќен крем за лице

Anti-aging нега за нормална и сува зрела кожа. Ја намалува длабочината на брчките и ја регенерира кожата за време на ноќната фаза на обновување. Ја смирува и ја штити Вашата кожа од надворешните фактори на стрес. Без парабени!

Дерматолошки испитана!

Начин на употреба: да се нанесе во тенок слој на кожата на лицето, навечер веднаш по чистењето.

Пакување: 50 ml

 

 

Pomegranate интензивен серум

Anti-aging формула за нормална до сува зрела кожа

Единствена формула со антиоксиданси од скапоценото масло од семе на калинка, која ја заштитува кожата од предвремено стареење и ја одржува нејзината структура цврста во тек на целиот ден. За длабинско намалување на брчките и измазнување на кожата.

Начин на употреба: со пипетата се нанесуваат неколку капки серум на лицето и вратот и нежно се втриваат. Се нанесува два пати на ден, наутро и навечер.

Дерматолошки тестирано. Без парабени!

Пакување: стаклено шише со капалка x 30 ml/ кутија.