Совети

Совети

ДВИЖЕТЕ СЕ!

Според статистиката, кај секој втор возрасен човек понекогаш се јавува заболување на локомоторниот систем.

Често причина за болките е вкочанетата мускулатура, со оглед на тоа дека во денешно време телото еднострано го оптеретуваме и најчесто премалку се движиме.

Почетната вкочанетост најчесто може да се ублажи со вежбање и со интензивни масажи.

Кај овие масажи е најдобро да се користат ефикасни средства кои имаат лековито дејство на болните подрачја, а воедно и се направени од природни состојки, какви што се производите на Allga San. Секако, за превенција на ваквите болни состојби се препорачува секојдневно вежбање и движење.

Следат неколку совети како да се „придвижите“ во текот на денот

Совети за повеќе движење во секојдневниот живот

  • Качувајте се по скали наместо да се возите во лифт
  • Одете една станица подалеку со автобус, па вратете се пеш назад
  • Паркирајте го автомобилот на подалечно место
  • Искористете го времето додека ги миете забите за кратка вежба со нозете
  • Секој пат кога ќе се присетите напнете ја мускулатурата
  • Искористете ги куќните работи и работата во градината за различни вежби

Физичката активност – предуслов за добро здравје

Заради се поинтензивната работа зад компјутер или на работна маса, луѓето во денешно време сè повеќе се
наоѓаат во седечка положба. Истовремено живееме во време на мобилност, но нашето „мобилно“ време го поминуваме седејќи во канцеларија или во автомобил или дома пред телевизорот.

Треба да имаме на ум дека човечката анатомија не е создадена за седење. Ако човекот премногу седи, мускулите за движење слабеат, а потпорните мускули закржлавуваат. Ако не ги преземеме потребните чекори на време, можеме да се соочиме со сериозни последици: ограничена подвижност и искривено држење.

Но дури и кај професиите кои бараат многу движење и работа на мускулите, оптеретувањето е често толку еднострано што локомоторниот систем се користи нерамномерно, па според тоа и „нездраво“.

Болките кај неизвежбаните движења се прв знак дека мускулатурата не е рамномерно оптеретена. Во овој случај треба благовремено да се преземат мерки, за да се спречат последиците.

 

Опуштете се!

  • Стресот и напорот многу често предизвикуваат болна напнатост во мускулатурата на рамената и вратот
  • Обидете се да ја пронајдете онаа рамнотежа која Вам Ви одговара во секојдневниот живот. Тоа може да биде занимавање со спорт, прошетки, пријатни капења во када или едноставно мирување – направете го она што Вас најдобро Ве опушта!
  • Одржувајте ги Вашите мускули и зглобови подвижни и еластични со редовна масажа со препаратите на Allga San