Нега на стапала

Нега на стапала

Allga San Балзам

Allga San балзамот за стапала содржи етерично масло од алгојски планински бор и сибирска смрека, ментол, алантоин и салицилна киселина. За негување на сувата, тврда и испукана кожа. Алантоинот делува заштитно на кожата од дополнително исушување и стимулира регенерација на сувата кожа.

Против непријатни мириси. Делува превентивно на габичните и бактериски инфекции на стапалата, кои се општо познати предизвикувачи на непријатен мирис. Ја поттикнува циркулацијата, ги освежува стапалата, кожата ја прави мазна  и отпорна. Идеален е за секојдневна нега на стапалата.

Начин на употреба:

Да се измасираат стапалата со балзамот, почнувајќи од врвовите на прстите па сè до зглобот.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Не смее да дојде во допир со очите и слузницата. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

Пакување: 100 мл

Allga San Repair cream, крем за испукани пети

Allga San Repair cream, крем за испукани пети содржи етерично масло од алгојскиот планински бор, со додаток на ланолин, терпентин, алантоин и бисаболол. Се користи за интензивна нега на екстремно сува и испукана кожа, така што ја зголемува еластичноста на кожата и и’ ја враќа заштитната функција. Со редовна употреба исчезнуваат болните пукнатини и воспаленија на кожата на стапалата, а тврдите делови стануваат повторно меки и еластични. Посебно погоден и за дијабетичари.

Начин на употреба:

Да се измасираат стапалата со кремот, наутро и навечер.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Не смее да се применува кај деца помлади од 3 години. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

Пакување: 90 мл

Allga-San

АLLGA SAN Актив балсам

Природен производ за активна нега на стапалата, кој содржи етерично масло од алгојски планински бор и авокадо, ментол, алантоин, витамин Е и пантенол.

Намена:

– помага за намалување на прекумерното потење на стапалата
– совршената комбинација од пантeнол и витаминот Е  ги негува, освежува и ги опушта уморните стапала
–  етеричното масло од планински бор и ментолот имаат благ антисептичен ефект и ги заштитуваат стапалата од габични инфекции и непријатен мирис

Начин на употреба:

се нанесува наутро и се втрива на стапалата и помеѓу прстите.

Пакување:  туба x 50 ml/кутија.

Allga Med Petamil

Allga Med Petamil- професионален крем за отстранување на кератинизираната задебелена кожа на стапалата и регенерација на здравата кожа одоздола.
Од брендот број 1 за нега на нозе и стапала во Германија ни доаѓа специјален професионален крем за нега на стапала со двојно дејство.
Салицилната киселина заедно со натриум лактатот помагаат во ефикасно отстранување на задебелениот слој кожа на петите и табаните.
Уникатната состојка, екстрактот од фермент на антарктичката бактерија псеудоалтеромонас – пептид антарктицин, докажано делува регенеративно и епителизирачки преку директната колагеноцитна стимулација, овозможувајќи по природен пат колагеноцитите забрзано да го обноват и заштитат новиот слој кожа под кератинизираниот мртов слој.
Додадените алфа-амино киселини пролин и аланин дополнително придонесуваат за ефикасна регенерација.
10те % уреа и глицеринот придонесуваат за интензивна длабинска хидратација, додека пак екстрактите од бела врба и етеричното масло од алгојски алпски бор делуваат смирувачки и противвоспалително.
Има освежителен мирис на бор и портокал и може да се користи секојдневно, препорачливо после купка на стапала.

Пакување: 75 мл

Allga-San