Масажа на тело

Масажа на тело

Allga San арника гел

Allga San арника гелот продира длабоко во кожата ја намалува напнатоста и болките. Се користи кај контузија, тапи повреди, истегнувања и исчашувања. Помага при повреди на мускулите, тетивите и зглобовите. Ги намалува отоците и ги лади болните места. Погоден е за спортска масажа на вкочаните мускули и зглобови. Брзо се впива и не ја масти кожата.

Начин на употреба:

Неколку пати дневно да се нанесе на болните места и нежно да се измасира.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Да не се користи кај преосетливост на арника. Да не се нанесува на повредена кожа. Да се избегнува допир со очите и слузницата. Не смее да се применува кај доенчиња и мали деца. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

Пакување: 100 мл

Allga San тоник

Allga San тоникот за масажа е природен производ со единствена формула на активни материи (етеричното масло од алгојскиот планински бор, рузмарин, жалфија, камфор и ментол). Ефикасно ги поттикнува циркулацијата во кожата и мускулите, ослободувањето на природниот кортизон, со што значително го намалува воспалението и ја отстранува болката. Има долготраен ефект врз прокрвеноста и мускулната издржливост. По масажата со втривање, брзо се впива и длабоко продира. Не масти и не ја суши кожата. Природно ја совладува болката, без штетни последици и нуспојави, поседува хипоалерген сертификат. Особено поволно делува при ревматски тегоби, нарушувања на периферната циркулација, спортски повреди и ноќни грчеви во листовите.

Посебно е пријатен за кожата благодарејќи на рузмаринот кој ја тонизира и жалфијата која делува благо антисептично. Дивото нане и камфоротдополнително ослободуваат од болка.

Начин на употреба:

Тоникот да се нанесе на болните места и благо да се втрие односно да се измасира. Како превентива од грчеви пред спиење и превентива од воспалени мускули пред напорен тренинг.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Во случај на преосетливост на која било состојка, да се прекине со употреба. Да не се применува кај доенчиња, мали деца, кај отворени рани и воспаленија на кожата. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

Пакување: 100 мл

Allga San гел

Allga San гелот за масажа на тело е комбинација на високовредни етерични масла од алгојскиот планински бор, луто нане, арника и камфор. Има идентично дејство со тоникот, со особено изразен разладувачки и релаксациски ефект, особено при вкочанетост на мускулите и зглобовите во вратот, грбот и нозете. Идеално продира, без мастење и сушење на кожата. Ослободува од ревматски тегоби, ја освежува и релаксира исцрпената мускулатура. Поволен е за долготрајна нега на хронични болки.

Начин на употреба:

Да се нанесе на болните места по напорна работа или спортски активности и да се измасира. Погоден и како средство за релакс масажа.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Да не се нанесува на повредена кожа. Да се избегнува допир со очите и слузницата. Не смее да се применува кај доенчиња и мали деца. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

Пакување: 100 мл

Allga San Мобил гел интензив

Allga San Мобил гел интензив е специјална козметика за зглобови и мускули, особено препорачана за спортисти и луѓе кои водат активен живот. Содржи оригинално етерично масло од Алгојски планински бор, екстракт од гавез и пантенол, етерично масло од рузмарин и жалфија, екстракт од арника и камфор.

Дејство и примена:

Сите состојки придонесуваат за стимулирање на циркулација и регенерација на истегнати и вкочанети мускули и зглобови. Предноста на Мобил Гел Интензив е тоа што претставува комплетен производ за секојдневна нега на кожата и уморните зглобови и мускули, по напорен тренинг. Помага и за подобра подвижност, при вкочанетост на грбот и за опуштање на оптеретените мускули (воспалени мускули).

Начин на употреба:

По напорен работен ден или спортување, се нанесува и лесно се втрива на засегнатите места на нозете, рацете, грбот и рамената. Брзо се впива и не масти.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Да не се употребува во случај на преосетливост на состојките, појава на отворена рана или воспалителни промени на кожата, како и во близина на слузниците очи, нос и уста. По употребата да се измијат рацете. Да не се употребува кај доенчиња и мали деца.

Пакување:
PE туба x 100 ml/кутија.

Allga San Мобил крем

Allga San Мобил крем претставува специјална козметика за подобра подвижност, која помага за ублажување на болките. Содржи оригинално етерично масло од Алгојски планински бор, црвена пиперка, рицинус, рузмарин, јојоба, сончоглед, екстракт од гавез и арника и камфор. Крем подлога од јојоба масло, глицерин и пантенол.

Делотворни состојки:

– екстракт од ГАВЕЗ, извор на алантоин + додаден алантоин
– етерично масло од рузмарин
– етерично масло од Алгојски алпски планински бор (Pinus Mugo)
– камфор, заедно со етеричното масло од рузмаринот и планинскиот бор заеднички ја стимулираат циркулација и помагаат при елиминација на болка.
– КАПСAИЦИН, екстракт од луто чили пиперче – ЗАГРЕВА – предизвикува дразнење на нервните завршетоци, кои пренесуваат топлотни дразби и на тој начин створеното чувство за топлина секундарно доведува до зголемена прокрвеност на кожата.

Дејство и примена:

Кремот е наменет за заболени од ревматоиден артрит и останати видови воспаленија на зглобовите и сите оние што страдаат од хронични неспецифични болки во зглобовите и мускулите. Гавезот како извор на алантоин и додадениот алантоин делуваат стимулативно на регенеративната способност на кожата и сврзните ткива, вклучително и особено делотворно на коските и ’рскавиците. Останатите состојки придонесуваат за опуштање при мускулна вкочанетост и подобрување на подвижноста на зглобовите.

Начин на употреба:

По напорен работен ден или спортување, се нанесува и лесно се втрива на засегнатите места на нозете, рацете, грбот и рамењата. Брзо со впива и не масти.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Да не се употребува во случај на преосетливост на состојките, појава на отворена рана или воспалителни промени на кожата, како и во близина на слузниците очи, нос и уста. По употребата да се измијат рацете. Да не се употребува кај доенчиња и мали деца.

Пакување:

PE туба x 50 ml/кутија.

Allga San акут Гену специјална маст за колено

Опуштете ги Вашите колена и зглобови со специјалната маст за благотворна масажа на колена Allga San акут Гену.
Allga San акут Гену е специјална маст за колено која ги негува и опушта затегнатите мускули и зглобови со масажа, предизвикувајќи ефект на загревање и пријатно чувство на олеснување. Истовремено ја негува кожата и го подобрува телесното здравје.

Во составот на Allga San акут Гену маст ги има следниве состојки:
– високо вредно етерично масло од Алгојски алпски планински бор (Pinus Mugo) ја стимулира циркулацијата и помага при елиминација на болката
– камфор ја стимулира циркулацијата и помага при елиминација на болката
– капсаицин, екстракт од луто чили пиперче, загревајќи предизвикува дразнење на нервните завршетоци, кои пренесуваат топлотни дразби, што секундарно доведува до зголемена прокрвеност на кожата
– пантенол ја негува кожата
– алантоин ја негува кожата

Начин на употреба:

Се нанесува на болното место и нежно се втрива во кожата. За возрасни и деца над 12 години.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Да се избегнува контакт со очи и слузници. Да се употребува само на здрава кожа. Да се чува на температура до 25 ° C, подалеку од дофат на деца.

Пакување: Туба x 50мл

Allga San акут Спазмус маст

Allga San акут Спазмус претставува специјална маст за масажа со интензивнo дејство и се применува при спазми и напнатост во мускулите. Allga San акут Спазмус содржи моќен комплекс од прецизно одбрани состојки и екстракти кои брзо делуваат на заболеното место намалувајќи ги болките и ги враќаат удобноста и леснотијата.

Во составот на Allga San акут Спазмус маст ги има следниве состојки:
– масло од луто нане кое лади, смирува и истовремено освежува
– масло од еукалиптус кое помага при напрегнатост на мускулите и отоци
– етерично масло од рузмарин кое ја поттикнува циркулацијата на кожата, докажан кај ревматски болести и воспаленија
– пантенол кој ја негува кожата
Со масажа се поттикнува обнова и опуштање на напнатите мускули. Ја подобрува физичката состојба на организмот.

Начин на употреба:

Повеќе пати дневно да се втрие, односно да се измасираат засегнатите делови на мускулите. Брзо се впива и не ја масти кожата. Да не се покрива третираната кожа со влажни компреси.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Да се избегнува контакт со очи и слузници. Не смее да се применува кај доенчиња и мали деца. Да се употребува само на здрава кожа. Да се чува на температура до 25 º C, подалеку од дофат на деца.

Пакување: Туба x 100мл