Allga San Repair cream - репаративен крем за испукани пети

Allga San Repair cream, крем за испукани пети

Allga San Repair cream, крем за испукани пети содржи етерично масло од алгојскиот планински бор, со додаток на ланолин, терпентин, алантоин и бисаболол. Се користи за интензивна нега на екстремно сува и испукана кожа, така што ја зголемува еластичноста на кожата и и’ ја враќа заштитната функција. Со редовна употреба исчезнуваат болните пукнатини и воспаленија на кожата на стапалата, а тврдите делови стануваат повторно меки и еластични. Посебно погоден и за дијабетичари.

Начин на употреба:

Да се измасираат стапалата со кремот, наутро и навечер.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Не смее да се применува кај деца помлади од 3 години. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

Пакување: 90 мл

Allga-San