Allga San гел

Allga San гел

Allga San гелот за масажа на тело е комбинација на високовредни етерични масла од алгојскиот планински бор, луто нане, арника и камфор. Има идентично дејство со тоникот, со особено изразен разладувачки и релаксациски ефект, особено при вкочанетост на мускулите и зглобовите во вратот, грбот и нозете. Идеално продира, без мастење и сушење на кожата. Ослободува од ревматски тегоби, ја освежува и релаксира исцрпената мускулатура. Поволен е за долготрајна нега на хронични болки.

Начин на употреба:

Да се нанесе на болните места по напорна работа или спортски активности и да се измасира. Погоден и како средство за релакс масажа.

Предупредување:

Само за надворешна употреба. Да не се нанесува на повредена кожа. Да се избегнува допир со очите и слузницата. Не смее да се применува кај доенчиња и мали деца. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.

Пакување: 100 мл