Наградна игра „Со Lacalut до ѕвездите“

Наградна игра „Со Lacalut до ѕвездите“

Посета на еден од најголемите планетариуми во Европа – L’Hemisfèric, стоматолошки услуги и пакети со Лакалут производи освоија најсреќните добитници кои учествуваа во наградната игра „Со Lacalut до ѕвездите.

Преку наградната игра беше промовирано специјалното ѕвездено пакување на Lacalut Aktiv, за кое беше создадена посебна тематска кампања која
беше промовирана онлајн, како и на радио станиците. Пакувањето од ѕвездената серија содржеше краток опис за 12-те хороскопски знаци од
соѕвездието, а потрошувачите можеа да ја тестираат компатибилноста на својот хороскопскиот знак со партнерот/пријателите на сајтот lacalut.mk.
Преку бирање на својот знак и знакот на пријателот/партнерот посетителите на lacalut.mk правеа проверка на компатибилноста изразена во проценти,
а воедно нивната компатибилност беше опишана и со краток текст. Резултатите потоа можеа да ги споделат на своите профили на социјалните мрежи.


За учество во наградната игра, учесниците требаше да испратат две празни пакувања од ѕвездената серија на адресата на НАТУСАНА Македонија. За големиот интерес за учество во наградната игра, доволно говори фактот што на адреса на НАТУСАНА пристигнаа над 1.200 пликоа, а беше продадена целата ѕвездена серија.

Најсреќните тројца добитници добија тридневно патување во Валенсија, Шпанија за двајца и посета на еден од нajголемите планетариуми во светот, L’Hemisfèric. Патувањето вклучуваше авионски превоз, две ноќевања со појадок во хотел со 4* и две влезници во L’Hemisferic. Со тоа, добитниците на главни награди имаа можност да уживаат во убавините на Валенсија и да понесат посебно искуство.

Едно е сигурно – оваа наградна игра донесе широки здрави насмевки и незаборавно ѕвездено искуство за потрошувачите и добитници на награди.