ТИМЈАН (Thymus vulgaris, Laminaceae)

ТИМЈАН (Thymus vulgaris, Laminaceae)

Тимјанот (Thymus vulgaris) е ароматично растение кое е истиот род како и Мајчината душичка, со една мала разлика:  стеблото не му ползи по земја, туку расте нагоре, до 30 сантиметри и има малку потесни лисја. Лисјата и цветовите на тимјанот содржат големо количество етерично масло, кое обилува со состојките тимол, карвакрол, борнеол и линалол. Покрај етеричното масло, тимјанот соджи и танини и флавоноиди. Сите овие состојки го прават тимјанот многу ефикасно лековито средство со високо антисептичко дејство, како и вкусен зачин кој дава посебна арома на јадењата.

Тимјанот е особено ефикасен против кашлица поради неговото антисептичното својство, кое е резултат на богатството на тимол и карвакрол. Тие делуваат како секретолитик и експекторанс, а претставуваат и одличен бронхоспазмолитик (го опуштаат стегањето на бронхиите). Поради ваквите карактеристики тимјанот влегува во составот на цела палета препарати против обична, а особено против голема кашлица.

Ги препорачуваме максимално природните лекови од палетата на Dr.Theiss, како што се Mucoplant Бронхосепт капките против кашлица со анaсон и тимјан.