ТЕГАВЕЦ (Plantago laceolata L., Plantaginaceae)

ТЕГАВЕЦ (Plantago laceolata L., Plantaginaceae)

Tегавецот е многу лековито ливадско растение, кое со столетија е докажан лек во народната медицина, а веќе подолго време се користи и во голем дел од фармацевтските препарати.

Она што е најважно за ова растение е фактот што тој е многу ефикасен за спречување на кашлицата и подобрување на искашлувањето. Практично сите книги за лековити растенија од средниот век се полни со податоци за лечење на кашлицата со тегавец.

Уште еден куриозитет кој е забележан од дамнина е дека сокот од тегавецот не се расипува и може да стои долго време без никакви конзерванси. Меѓу другото,тегавецот е многу ефикасен и за лечење на рани, заради неговото антимикробно и антивоспалително дејство.

Делување:

Тегавецот (Plantago lanceolata L.) е природен лек против кашлица. Се користи кај сите заболувања на респираторните органи, особено кај силна кашлица, катар, бронхитис, астма…. Тегавецот има својство да ја обложи слузницата на грлото и дишните патишта создавајќи заштитен слој, со што делува антивоспалително и антимикробно и ја смирува кашлицата.

Mucoplant сирупот од тегавец на Dr.Theiss ја ублажува кашлицата бидејќи содржи висок концентрат на тегавец. Децата го сакаат бидејќи има пријатен вкус, а воедно не содржи индустриски шеќер туку како засладувач се користи мед и сируп од репка. Додатокот од етерично масло од питомо нане уште повеќе го зајакнува антисептичкото дејство на сирупот. Од друга страна, Mucoplant сирупот против кашлица „Добра ноќ“ е максимално ефикасен во спречување на тврдокорната ноќна кашлица.