ПЛАНИНСКИ БОР (Pinus mugo, Pinaceae)

ПЛАНИНСКИ БОР (Pinus mugo, Pinaceae)

Планинскиот бор расте на границата на шумската вегетација, во високите планински предели на средна и јужна Европа. Етеричното масло од планинскиот бор од дамнина се користи во медицината. Има ароматичен мирис, и се добива со дестилација со помош на водена пареа од свежите иглички и млади гранчиња на борот.

Најзначајните состојки во етеричното масло од планински бор се делта-3 карен и алфа и бета пинен, кои имаат инхибиторно дејство врз микроорганизмите, како и антиинфламаторно дејство. Воедно, овие состојки помагаат за стимулирање на циркулацијата, за опуштање и за ублажување на болките во мускулите и зглобовите.

Токму затоа етеричното масло од планински бор е главна состојка во производите од линијата Allga San.

Allga San тоникот и Allga San гелот се наменети за третирање на болка во грбот и зглобовите, мускулна напнатост, ревматски тегоби и спортски повреди.

Allga сан балсамот за стапала е наменет за секојдневна нега на грубата кожа на стапалата. Тој има антигабично дејство и го елиминира непријатниот мирис.