НОЌНИЧЕ (Oenothera biennis L., Onagraceae)

НОЌНИЧЕ (Oenothera biennis L., Onagraceae)

Ноќничето го добило името по своите големи светложолти цветови кои се отвораат дури навечер и остануваат отворени во текот на ноќта. Маслото кое го содржат големите семки во цветовите е богато со вредни есенцијални масни киселини (98%), фосфолипиди и стероли. Маслото од ноќничето е едно од најскапите масла во светот, бидејќи од десет илјади семки се добива само еден грам масло.

Ноќничето потекнува од Перу, Јужна Америка, од каде се проширило во Северна Америка, а во Европа е пренесено во 17. век. Индијанците од Северна Америка го користеле како природен лек за зацелување на рани и ублажување на иритациите на кожата, додека научните истражувања на маслото на ноќничето и есенцијалните масни киселини кои ги содржи започнале дури во почетокот на 20. век.

Есенцијалните масни киселини се составен дел од секоја клетка  во телото и се особено важни за размена на материите. Организмот не може самиот да ги синтетизира, туку мораат да се внесуваат однадвор. Маслото на овој прекрасен цвет содржи две животно важни, повеќекратно незаситени масни киселини во особено висока концентрација: цис-линолната (70%) и гама-линоленската (8-10%).

Од многу одамна се знае дека недостатокот на есенцијални масни киселини доведува до воспаленија на кожата, таа се лупи и станува груба, па може на тој начин да се развие и дерматитис. Кожата побрзо ја губи влажноста, станува сува и побрзо старее, доаѓа до воспаленија, чешање и црвенило. Научниците потврдуваат дека нарушувањата во метаболизмот на есенцијалните масни киселини доведува до развој на егземи, акни, псоријаза и други кожни заболувања. Резултатите од испитувањата при терапијата на кожните заболувања со масло од ноќниче, покажуваат видливо подобрување на симптомите како што се сушењето и лупењето на кожата, чешањето, воспаленијата и црвенилото.

Dr. Theiss Ноќниче е природна линија на производи од ноќниче, која овозможува основна нега и дополнителна терапија кај неуродермити и суви дерматози, благодарение на високовредното масло од семките на ноќничето. Не содржи парфеми, бои и конзерванси и претставува идеална природна алтернатива и дополнување на кортикостероидната терапија.