НЕВЕН (Calendula officinalis L., Asteraceae)

НЕВЕН (Calendula officinalis L., Asteraceae)

Невенот, од дамнина е познат како скапоцено лековито средство. Тој цвета од мај до доцна есен во медитеранските предели, каде со своите големи златно-жолти или портокалови цветови и прекрасниот мирис ги разубавува дворовите.

Лековитите својства на невенот биле познати уште во антиката и во средниот век, кога тој се користел за лечење рани, повреди и сите видови на кожни заболувања. Најпознат е кремот од невен, којастарите го користеле за лечење на рани и изгореници. Нашите баби правеле и чај од невен, кој го користеле за опуштање на грчевите во стомакот, како и против кашлица, астма и несоница.

Од каде доаѓа лековитоста на невенот? Невенот е богат со флавоноиди, каротеноиди, сапонини, полисахариди и етерични масла. Тој содржи калиум, провитамин А, ликопен и органски киселини.

И ден денес кремот и маста од невен и другите производи кои се прават од него имаат противвоспалително, регенеративно и епителизирачко дејство, па се користат за лечење на рани и изгореници, алергиски реакции на кожата, за лечење на проширени вени и разни заболувања на вените, против акни и чиреви на кожата, разни воспаленија, убоди од инсекти, исипувања, отоци и повреди. Невенот покрај тоа што има антиинфламаторно, има и антигабично дејство, што го прави поволен и за третирање на габичните инфекции на кожата.

Dr. Theiss Calendula е линија на производи од патентирана сорта на невен – Calendula officinalis rinathei. Dr. Theiss Невеновата маст и Невеновиот специјален крем имаат значително поволен ефект при најразлични повреди на кожата, посекотини, изгореници, воспаленија, декубитуси, алергиски болести и дерматози, особено од сув тип.