КАЛИНКА (Punica granatum, Punicaceae)

КАЛИНКА (Punica granatum, Punicaceae)

Калинката се смета за многу моќно овошје, кое според актуелните клинички студии се истакнува со својства кои позитивно влијаат на здравјето на човекот.

Дејство:

Сокот на калинката е богат со полифеноли, кои имаат антиоксидантно и имуномодулаторно дејство. Свежо исцедениот сок од калинка е богат со витамин Ц, потоа со витамините Е, Б1, Б2, бета каротен и пантотенска киселина, како и со минералите калциум, железо, калиум, цинк и селен. Овој уникатен хемиски состав и’ дава на калинката неверојатна оксидативна моќ, која им помага на клетките во борбата против разорните слободни радикали. Оксидативната моќ на калинката е дури четири пати поголема од онаа на црвеното вино или зелениот чај.

Маслото од семките на калинката ја содржи ретката пуницична киселина, која практично не се наоѓа во ниедно друго комерцијално достапно растително масло, а има одлично антиинфламаторно и антитуморско дејство.

Ова масло делува многу поволно и надворешно: за зацелување на рани, и како третман за брчки и општа регенерација на кожата.

Моќните состојки кои ги содржи калинката имаат и неверојатно дејство при регенерација и подмладување на кожата:

–          Големото количество на ретката пуницична киселина, која природно ја има само во калинката, има одлично anti-aging дејство и го поттикнува обновувањето на кожата. На тој начин калинката го поттикнува обновувањето на епидермот, го забавува предвременото стареење на кожата, ја подобрува нејзината еластичност и ги намалува брчките

–          Високата концентрација на материи со антиоксидантно дејство, бета-каротенот, полифенолите и витамините Ц и Е ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата и ја штитат од слободните радикали, кои настануваат како последица на стресот од околината: сончеви зраци, чад, загадување, и се особено опасни за кожата

–          Големото количество на линолна киселина во калинката помага за отстранување на пигментните дамки, спречува иритации на кожата

–          Цинкот и селенот во калинката се многу важни за убава и здрава кожа, за нејзината чистота како и за смирување на иритации

Производите од линијата за нега кожата на Dr. Thiess Pomegranate – anti-aging formula, ја користат силата на калинката како извор за убава, затегната кожа во секое доба од животот. Pomegranate линијата ја тонизира кожата, ја регенерира и ги намалува брчките веќе по една недела користење, и и дава на кожата виталност и свежина. Дерматолошки тестирана и без парабени!