Стеблото на маслинката е типичен дел од вегетацијата на средоземното поднебје, високо дрво од 8-12 м. Има карактеристично неправилно разгрането јазлесто стебло, лисјата му се овални и кожести, темнозелени од горната а сребренести од долната страна. Белите цветови се во гроздови, плодот е овален коскен плод богат со масло, во должина од 2-3 см кој ја менува бојата од зелена, црвенкаста, па сè до темномодра или скоро црна.
Се работи за акропентално растение, што значи дека крошната му се развива на врвот. Има долг век, околу 500-600 години, поднесува суша, но е осетливо на ниски температури. Плодот на маслинката се бере од октомври натаму, зависно од сортата и од климата.
Уште во антиката, стеблото на маслинката било ставено под заштита на боговите. Во тоа време маслиновото масло се користело не само за подготовка на јадењата, туку и како козметичко масло за кожата.
Маслинката е симбол на мирот, плодноста, убавината и љубовта кон човекот.
Главни состојки: масло, незаситени масни киселини, витамин Е, феноли, олеуропеин, флавоноиди.
Дејство:
Маслинката е богата со витамини, масти и минерални материи. Маслиновото масло има високовредни состојки кои се добри и за организмот, и за структурата на кожата. Незаситените масни киселини, витаминот Е, фенолите, олеуропеинот и флавоноидите делуваат како добри антиоксиданси. Најновите истражувања го потврдуваат исклучително силното дејство на екстрактот од листот на маслинката на имунолошкиот систем. За соединенијата кои се содржат во листот од маслинката се смета дека го зајакнуваат имунитетот, ја зголемуваат енергијата на организмот, а го намалуваат крвниот притисок и шеќерот во крвта. Соединението олеуропеин има антимикробно дејство, а бројни медицински студии ја наведуваат неговата делотворност кај синузит, херпес, гастритис и хроничен умор. Самиот плод на маслинката е горчлив, а првите недозреани плодови се со зелена боја. Зрелите плодови имаат од модро лилава до црна боја, а со нивно конзервирање се добиваат т.н. црни маслинки.
Од зрелоста на плодот зависи и квалитетот на маслото. Најздраво е екстра девственото масло (extra vergine), бидејќи се произведува со ладно цедење однoсно пресување на плодот и филтрирање на здравите масни киселини.
Нуспојави: не се познати
Употребете ја силата на маслинката за нега на кожата на Вашето лице и тело, со линијата производи Doliva за нега на кожата на база на маслиново масло! Дајте и’ ја на Вашата кожа влагата и маснотијата која и’ е потребна!
Doliva линијата на висококвалитетни козметички препарати е развиена во лабораторијата на Dr. Theiss, со користење на екстра девствено маслиново масло од Тоскана.