ЕХИНАЦЕА (Echinacea angustifolia L., Asteraceae)

ЕХИНАЦЕА (Echinacea angustifolia L., Asteraceae)

Растението Ехинацеа потекнува од Северна Америка, а Индијанците ја користеле за лечење на разни врсти рани.

Ехинацеата има својство да го зајакне имунолошкиот систем и одбранбените сили на организмот. Во бројни клинички испитувања е докажано дека свежиот екстракт од ова растение и нејзиниот корен ги зајакнуваат белите крвни зрнца, па со тоа може да се спречи болеста или барем значително да се дкрати нејзиното траење.

Дејство:

Ехинацеата на природен начин го зајакнува имунолошкиот систем и ги спречува бактериските и вирусните инфекции. Особено делува во спречување на настинката и грипот. Исто така се препорачува превентивна примена при заслабната отпорност на организмот, стрес, недостаток на сон, зголемен физички и психички напор, како и при долги патувања.

Ехинацеа растителните капки на Dr. Theiss се природен производ со екстракт од растението Echinacea angustifolia. Значително го зајакнуваат природниот имунитет, и на природен начин спречуваат бактериски и вирусни инфекции. Растворот е приготвен по хомеопатска рецептура и 10 пати е помоќен од стандардните алкохолни раствори.