ДИВ КОСТЕН (Aesculus hippocastanum L.)

ДИВ КОСТЕН (Aesculus hippocastanum L.)

Сувиот екстракт од плодот на дивиот костен е познат и ценет по своето лековито дејство. Екстрактот од семките на костенот содржи многу лековити материи, а особено сапонинот есцин кој ги намалува отоците во нозете и ги зајакнува вените. Се користи кај симптоми на хронична венска инсуфициенција од различно потекло, како што се едеми, грчеви во листовите, варикозни вени и посттромбозен синдром. Содржи и биофлавоноиди, кои го имаат истиот ефект на зајакнување на тонусот на вените. Тие ја намалуваат агрегацијата на тромбоцитите и со тоа ја намалуваат опасноста од создавање на тромбоза. Есцинот делува во синергија со биофлавоноидите,  засилувајќи го нивното дејство.

Голем број луѓе на возраст од 20 до 70 години, од кои претежно жени (дури 80%), боледуваат од разни нарушувања на венската циркулација, кои се манифестираат со грчеви и болки во нозете, едеми односно отоци на нозете, слаба циркулација како и естетски проблеми. Проширените или варикозни вени, покрај естетскиот, претставуваат и сериозен здравствен проблем. Тие можат да бидат предизвикани од слабост на ѕидовите на вените или стекнати на разни начини. Често доаѓа до воспаление на проширените вени или дури и до создавање на тромб, што доведува до тромбоза. Притоа, најчесто се заборава дека оваа состојба може да се спречи и да се излечи со ефикасни природни состојки.

Ефикасна помош за спречување на појавата на варикозни вени или за третирање на постоечките проблеми, претставува Dr. Theiss Венен гел со екстракт од семки од див костен и екстракт од цветови на невен.