ARNICA MONTANA (Asteraceae)

ARNICA MONTANA (Asteraceae)

Има силно антифлогистичко, аналгетско  и антимикробно дејство. Ја користиме кај сите повреди на меките ткива, истегнувања, повреди, контузии, крвни подливи, удари, едеми кај фрактури, воспаленија на мускулите, спортски повреди… Ова прекрасно растение слободно можеме да го наречеме растение за прва помош при фитотерапија. Најделотворен препарат е Арника гелот кој се користи само надворешно, за различни пост-трауматски состојби, повреди, контузии како и ревматски заболувања.

Поради неговото аналгетско и антифлогистичко дејство, Allga San Арника гелот е совршено терапевтско средство кое помага кај различни истегнувања, исчашувања, тапи повреди или крвни подливи.