Дружбата со Четко на Школка

Оваа година активностите од „Патот до здрави заби“ ги заокруживме со големата детска претстава „Роденденска приказна“. На претставата што се одржа во Градскиот парк во Скопје, јас се појавив на сцената заедно со двајца мои другари со кои на присутните другарчиња низ забава и смеа им поделивме многу поучни лекции. Имаше торта, балони, многу насмевки, а фотографиите доволно покажуваат колку добро си поминавме 🙂