Совети и основи на алпинизмот со Игор Талевски

Последниве години во Македонија владее голем интерес за алпинизмот, а растечкиот ентузијазам за оваа активност беше голем мотив за да поразговараме со претседателот на Македонска алпинистичка федерација, Игор Талевски. Игор, на интервјуто што го направивме во Демир Капија ни откри каква опрема е потребна за алпинизам, кои локации во Македонија се добри за почетници, на која возраст може да се започне со оваа активност и многу други работи. Погледнете го видеото и дознајте повеќе за алпинизмот.