Mariovo Off-Road Experience 2016 подмачкан од Алгасан

Под мотото “Влези во дивината”, викендот од 27 до 29 мај по петти пат во Мариово се одржа аутдор фестивалот Mariovo Off-Road Experience. Што се случуваше? 600 пријавени учесници, пет спорта (велосипедизам, планинско трчање, планинарење, аеробик, болдеринг), имаше и Rural Bootcamp Bubalo, журка, многу дружење, многу природа и вистинско искуство во дивината. А тимот на Алгасан, како и секогаш, подготвен да “подмачка” кај што е потребно. 🙂