Уште еден „Прв до врв“ поддржан од Алгасан

Како што веќе ни премина во навика (секако, здрава), повторно бевме дел од манифестацијата „Прв до врв“, која се одржа по трет пат на 24 мај 2015, на Водно. На овој масовен спортско-рекреативен настан учество зедоа неколку илјади натпреварувачи. Натпреварот се одржа во машка и женска категорија во традиционална планинарска трка и велосипедска планинска и друмска трка.

Тимот на Алгасан се искачи заедно со натпреварувачите, а потоа им „се најде“ на сите оние кои сакаа да ги опуштат мускулите и да се одморат по напорната активност.

Најдобрите на ПРВ ДО ВРВ 2015 по категории

– Планинско трчање, жени

1. Росица Костова 42:29

2. Марија Стојановска 42:44

3. Сања Костуранова 44:18

– Планинско трчање, мажи

1. Стефен Убел 32:06

2. Атанас Анчевски 33:26

3. Кокан Ајановски 35:38

– Друмски велосипедизам, жени

1. Карин Пидел 1:03:15

2. Елена Зисовска 1:24:08

– Друмски велосипедизам, мажи

1. Стефан Петровски 37:15

2. Никола Ѓукиќ 37:16

3. Горан Кузмановски 38:02

– Планински велосипедизам, жени

1. Сања Николовска 1:10:46

2. Сања Милорадовиќ 1:14:16

3. Лидија Стојаноска Матјаноска 1:14:17

– Планински велосипедизам, мажи

1. Денис Колевски 41:21

2. Иван Бачовски 47:14

3. Ицко Димитриевски 50:45